22.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Филипче поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

и каква е иднината на партијата. Но, јас силно верувам дека поразот треба да ни послужи како моќен катализатор за промени и обнова. Мојата цел во следните четири години е да ја обновиме, реформираме и повторно да ја подигнеме СДСМ на ниво кое го заслужува. Да создадеме организација која ќе им служи на граѓаните и ќе биде мотор на општествениот напредок.

<

Мораме да учиме од нашето минато, да ги отстраниме сите недостатоци и да излеземе посилни и пообединети од кога било досега. СДСМ отсекогаш бил и останува столб на демократијата, правдата и напредокот. Силен СДСМ им е пред сѐ потребен на граѓаните како коректив на политиките и насоката во која се движи земјата.

Со мојата кандидатура ќе приложам сеопфатен концепт и програма која наскоро ќе ви ја претставам. Во следниот период ќе се посветам на дискусии и средби со членови и поддржувачи на СДСМ, но и низа поединци, групи и организации кои може да придонесат заеднички да ги поставиме темелите на обновата. Сакам да ги слушнам сите размислувања и идеи кои ќе помогнат да го вратиме СДСМ на победничките патеки и гордоста на нашите членови. Заедно, ќе ја обликуваме иднината што ќе ја одразува нашата заедничка визија за Социјадемократскиот сојуз на Македонија.

Ветувам дека ќе водам кампања со највисока почит кон моите противкандидати. Сите ние сме пред сѐ пријатели и колеги и имаме заедничка цел – посилен и подобар СДСМ. Ова мора да биде натпревар на идеи и визии, а не бојно поле на лични напади. Нашата заедничка цел е да го зајакнеме СДСМ и да им служиме на граѓаните, затоа мора да пристапиме со единство и меѓусебно почитување.

Во овој дух, по затворање на рокот за кандидирање, ги поканувам сите кандидати на заедничка средба да ги договориме правилата на фер и демократска кампања во која на крајот сите ќе излеземе и помудри и пообединети.

За крај, ве поканувам да ми се придружите на ова патување за реформирање и зајакнување на СДСМ, за создавање партија која вистински ги застапува вредностите и потребите на нашите граѓани. Заедно, можеме да изградиме попросперитетна иднина за сите.”

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...

Слаба посетеност на Мечкин Камен за Илинден

Годинава, настанот помина со мала посетеност од граѓани, а меѓу малубројните присутни, речиси и да не се забележуваше државното знаме. Наместо тоа, се вееја...

Раста уапсен синоќа во Охрид на концертот на Jason Derulo

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста бил уапсен синоќа, 2-ри август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Jason Derulo. Неофицијално, тој отишол...

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...