14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаЗабаваИзолирано амазонско племе за прв пат добило интернет – Сега по цел...

Изолирано амазонско племе за прв пат добило интернет – Сега по цел ден гледале порно !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тинејџери од далечно бразилско племе станале зависници од порнографија само неколку месеци откако добиле пристап до брз интернет.

<

Како што пишува британскиот Њујорк Тајмс, луѓето од Марубо, кои стотици години живеат во мали колиби покрај реката Итуа во Амазон, од септември се поврзани со сателитскиот интернет на американскиот милијардер Илон Маск, Старлинк.

Заедницата брзо ја усвоила новата технологија и станала возбудена поради можноста брзо да се повика помош во случај на каснување од отровна змија или да се комуницира со далечни роднини.

Но, американскиот весник укажува и на помалку посакуваните последици од пристапот до интернет.

Членовите на племето станаа помалку активни бидејќи цел ден го поминуваат лежејќи се во хамаки, залепени за телефоните и WhatsApp, разговарајќи со непознати на Инстаграм. Пред сè гледаат порнографија. Според Њујорк Тајмс, некои млади мажи развиле агресивно сексуално однесување откако првпат во животот биле изложени на порнографија, што е големо отстапување од нивната култура каде што јавното покажување наклонетост е табу-тема.

Племето Марубо е израснато во култура каде дури и бакнувањето во јавност се смета за скандалозно, но сега тие споделуваат експлицитни видеа едни со други. Племенскиот водач Алфредо Марубо предупредува дека членовите на племето престанале да комуницираат со своите семејства откако добиле пристап до Интернет.

Еден од племенските абориџини тврди дека сите биле многу среќни кога интернетот дошол во нивното племе, но сега од ден на ден е сè полошо бидејќи тие стануваат се помрзеливи и ги прифаќаат навиките на западниот свет.

Друг тврди дека племето сега е принудено да ги ограничи часовите кога членовите можат да пристапат на интернет, бидејќи неговото воведување толку ја променило рутината што мажите повеќе не сакаат да прават ниту основни работи како лов.

„Во селото, ако не ловиш, не садиш, не јадеш“, нагласи Алфредо Марубо. Членовите можат да пребаруваат на интернет два часа наутро и пет часа попладне и цел ден во недела.

Старлинк, со приближно 7.500 сателити во орбитата, овозможува поврзување во тешко достапни области. Технологијата првпат беше достапна во Бразил во 2022 година, но минатата година стигна до најоддалечените области на Амазон.

Еден племенски поглавар изразува загриженост дека младите луѓе кои го поминуваат целото попладне на своите телефони би можеле да ги загрозат традиционалните вредности. Сепак, можноста за итна медицинска помош овозможена преку интернет носи непроценливи придобивки, кои според некои лидери ги надминуваат негативните последици, пренесуваат медиумите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...