30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаАнгелов: Вчера почина мојот драг другар, херојот Игор Георгиов од Кочани, поранешен...

Ангелов: Вчера почина мојот драг другар, херојот Игор Георгиов од Кочани, поранешен припадник и инструктор во минофрлачкиот тим на Единицата за специјални задачи Тигар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вчера почина мојот драг другар, херојот Игор Георгиов од Кочани, поранешен припадник и инструктор во минофрлачкиот тим на Единицата за специјални задачи Тигар, инструктор и креатор во проектот “Биди Тигар”, учесник во одбраната на Македонија во 2001 година како дел од артилериските единици на македонската Армија.

<

Животот воопшто не му беше мазен, го помина мачејќи се и барајќи мир, многупати соочен со смртта. Во 2003-та поради бирократски причини беше исфрлен од Тигрите, потоа возеше такси, па работеше неколку години во Ирак, со спечалените пари оттаму се обиде да си го најде мирот на планината Пониква, менаџирајќи го ресторанот “Етно Караула Пониква” каде на видно место, на кочански дијалект, беше истакната неговата животна максима “Уште не се е родил тај на сите што и угодил”. Потоа пак замина за Ирак, се врати, се повлече во Кочани, делумно работеше со една викендица на Пониква истовремено работејки најобична физичка работа.

Погребот ќе се изврши денес на градските гробишта во Кочани, во 12.00 часот ќе биде изложен во капела, во 14.00 часот ќе биде погребан.

Бог да го прости, нека му е вечна славата.
Фб статус Стојанче Ангелов

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...