21.9 C
Ohrid
среда, јули 3, 2024
ПочетнаМакедонијаМистеријата со исчезнатата Злата од Свети Николе продолжува: Две недели нема траг...

Мистеријата со исчезнатата Злата од Свети Николе продолжува: Две недели нема траг од неа!

Веќе две недели трае мистеријата со исчезнувањето на 45-годишната Злата Јанкова од Свети Николе, семејна жена, мајка и сопруга, на која и се изгуби траг среде бел ден во селото Орел, каде имаат семејна викендичка, откако тргнала да си оди дома во Свети Николе.

Нејзиниот сопруг Дејан за ,,Фокус” раскажува дека изминатиот период сите се вознемирени и се во потрага по одговори. Не знаат како може да исчезне возрасна жена среде бел ден, во мало село каде сите меѓусебно се познаваат, и до денес да не може да се дојде до било каков траг.

Јас работам земјоделие во Орел, а Злата секој викенд доаѓаше овде и остануваше да ми помогне. Дента кога исчезна, кажа дека ќе си оди дома, како што се случуваше и секогаш во недела. Се беше вообичаено, рече дека ќе си оди со такси и замина. Тоа беше последен пат како ја видов. Исчезнувањето го пријавивме во полиција, насекаде се пребара, цели екипи се вклучија, ја бараа и со дронови, ние исто така насекаде бараме.

Од полиција добив информација дека не повикала такси, па останува мистерија што се случило, каде заминала, кого сретнала по пат… Таа секогаш беше жена за пример, посветена на фамилијата, одговорна, таа беше столбот на нашиот дом. Да исчезнеше во голем град, каде има секаков народ, ама вака, во мало село, каде сите се знаат, се знае кој каде оди, кој на кого му дошол на гости, ова е навистина загрижувачко, вели сопругот.

Додава дека телефонот на Злата се исклучил наредниот ден, најверојатно бидејќи му се потрошила батеријата, но се уште не бил лоциран последниот сигнал.

-Не можел да се лоцира телефонот, тоа ми беше кажано од надлежните служби, значи досега нема никаков траг. Она кое не загрижи сите е тврдењето на човек кој работи земјоделие овде и кој и во полиција кажа дека додека работел на нивата, дента кога исчезна Злата, забележал автомобил со скопски таблички, сребрен Голф, а во него имало две жени. Автомобилот уште не е пронајден, не знам ниту самиот што да помислам, дали таа била внатре.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Славјанка: Тргна возот, ВМРО ја врати оградата, следно е името…

Откако Владата на ВМРО-ДПМНЕ објави дека ќе ја враќа железната ограда пред објектот на Владата, а која беше извадена од страна на СДСМ, ...

Коце Трајановски ќе раководи со државните патишта

Владата го назначи Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката беше потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП. Тој доаѓа...

Во Скопје дрво падна врз жена која се движеше по тротоар, жената остана заробена под гранките !!!

Жена остана заробена под гранките на дрвото кое паднало врз неа кога почнало силен ветер во Скопје. Случајни поминувачи, а потоа и пожарникарите успеаја да...

Владата ја враќа старата метална ограда околу зградата која беше извадена од страна на СДСМ !!

На денешната втора седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ја врати металната ограда околу владината зграда. Оградата која беше поставена во 2015,...