SHARE TWEET SHARE EMAIL COMMENTS
Полициските служби од Кочани го расчистија убиството што на крајот од септември го потресе овој град. Истрагата покажала дека синот со нож го пробол татка си во градите по што тој починал.
Настанот се случи на 30 септември околу 5 часот во куќа на улицата Климент Охридски во Кочани. Според информациите на МВР, Д. С. (30) со нож му нанел убодни рани во градите на таткото В. С. (55), кој набргу починал од повредите. Претходно, Д. С. пријавил дека татко му физички ја нападнал неговата мајка Н. С. (46).
Д. С. е приведен во полициска станица, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Против него е поднесена кривична пријава за убиство.