-4.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Грција- досега се наплатени 350.000 евра за нелегални лежалки

Во Грција- досега се наплатени 350.000 евра за нелегални лежалки

Властите истражиле „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во обид да се справат со прекумерниот туризам.

Минатата година Грција ја посетиле рекордни 33 милиони луѓе, пет милиони повеќе отколку во 2022 година.

Дроновите летаат над Атина, а се користат сателитски снимки и специјална апликација „MiCoast“ каде луѓето можат да го споделат своето искуство од плажа, за да се пожалат.

Грците, исто така, може да се повикаат на земјишниот регистар за да пријават незаконско окупирање на плажите.

Според новите правила воведени во март, чадорите и лежалките мора да бидат оддалечени најмалку четири метри од морето. А на плажи кои имаат помалку од четири метри песок не е дозволено издавање под кирија.

Повеќето казни се ограничени на лежалки и чадори кои заземаат премногу простор на плажата, соопшти владата.

Владата презеде акција откако локалното население на југоисточниот остров Парос започнало протести наречени „движење пешкир“, барајќи слободен, неоптоварен пристап до морскиот брег.

Демонстрантите го осудија присвојувањето на многу плажи од страна на деловните субјекти кои поставуваат чадори и лежалки изнајмени на ден, некои по високи цени.

„Нашата цел е да ја заштитиме животната средина и правото на граѓаните на слободен пристап до плажата и да го зачуваме нашиот туристички производ, како и здравото претприемништво“, се вели во изјавата на министерот за економија Костис Хацидакис.

Беспилотни летала ќе летаат и над познатите острови Киклади и Додеканези, во близина на турскиот брег, во следните неколку дена за да ги утврдат можните прекршувања пренесува Метро.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...