26.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаОбјавена снимка како македонски полицајци наместо да пишат казна, испратиле човек во...

Објавена снимка како македонски полицајци наместо да пишат казна, испратиле човек во продавница да им испазари за јадење и пиење

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Наместо да му напишат казна, го испратиле да им испазари за јадење и пиење во маркет. Тројца полицајци заработија кривична пријава за примање на мито откако биле фатени од внатрешната контрола на МВР.
На споделената видео снимка од МВР може да се забележи како полициско комбе со ротација тргнува да сопре возило во центарот на градот, на мостот Гоце Делчев. Следниот кадар покажува како човекот кој подмитува пазари во продавница, а потоа со кеси во раката оди на возачката страна на полициското комбе паркирано на Ул. Даме Груев и преку прозорот ги подава намирниците на полицајците.

<

Од МВР велат дека ваквите постапки го нарушуваат угледот на институцијата, полицијата и на оние кои чесно секојдневно работат.

До ОЈОГОКК, специјализирано одделение за гонење на крицични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Д.С., Ф.Ѓ и Д.Ј., полициски службеници во ПС – Центар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп. При вршење службени задачи побарале и примиле подарок за себе за да не извршат службено дејствие, односно, да не констатираат сообраќаен прекршок и на тој начин го нарушиле угледот на МВР.

За несовесните полицајци кои пред 10тина дена, некаде околу полноќ побарале поткуп, ќе биде изречена задолжителна мерка за отстранување од работа до завршување на дисциплинската постапка која е по предлог на внатрешната контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Видео Тука https://youtu.be/Xt6WZDEKU0w

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица...

Ново светилиште во охридско, Пецаков донира икона за црквата „Св. Атанасиј“

Убав и радосен ден за Охрид и Лакочереј! Денеска се освети црквата Св. Атанасиј Александриски во село Горно Лакочереј која сега стои како ново духовно...

Мицкоски: Го осудувам националистичкото скандирање во Куманово, иако искрено не го ни забележав

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше навредливото и националистичко скандирање на мечот Македонија-Романија во Куманово. Премиерот рече дека Кошаркарската федерација на Македонија и Општина Куманово...

Скопјанец почина по пад од тротинет.

Скопјанец почина по пад од тротинет. Случајот во полиција бил пријавен изминатиот викенд. -На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека...