6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМедицинари со златни грла триумфираа во македонското талент шоу

Медицинари со златни грла триумфираа во македонското талент шоу

Иако до вчера беше скоро незамисливо да се направи едно вакво шоу каде ќе се пее исклучиво Македонска музика тоа се оствари, организаторите на ова шоу се презадоволни од текот на снимањето и од интересот на кандидатите- Но уште еднаш се докажа фактот дека музиката е дар од Бога и дека не е важно што студираш или што работиш во приватниот живот.

 

Јасмин Идризовиќ 26 годишен стоматолог од Скопје е победник во третата сезона на македонското талент шоу.

Второто место го освои 19 годишната Кристина Јованова од Воиславци која исто така студира медицина, поточно физиотерапија. Прилепчанката Благица Велјановска е трета.

Четвртото и петтото место го освоија скопјаните  Онур Беќироски и  Кристијан Пешовски.

Ова е одлуката на стручната жири комисија во која беа фантастичните артисти,  македонскиот вокален осмијум Анета Љумаковска, Владо Пупиноски м-р по музика и Мендо Ташкоски м-р по музички науки.

Одлуката беше едногласна, а се базираше на настапот на учесниците во текот на сите кругови во оваа сезона. Сезона која откри силни пеачи , кои допрва треба да ја освојат сцената и публиката.Од нивните настапи и вокална еволуција од круг во круг , доколку работат сериозно , ветуваат многу. Тоа е и целта на ИН продукција како организатор и реализатор на шоуто. Преку откривање на таленти со кои ќе се работи да се создаваат нови македонски пеачи и  песни, да се негува и сака мајчината музика. Финалето се одржа на летната сцена на ИН ТВ , во прекрасен амбиент непосредно до Охридското езеро. Публиката која беше присутна на снимањето имаше можност да гласа за еден од финалистите. Според нивниот избор , победник беше момчето родено за сцена15 годишниот Шеип Исакоски од Подгорци, за само 1 глас помалку втор беше харизматичниот Кристијан Пешовски , а трет победникот Јасмин Идризовиќ. Финалистите 14 на број : Андреј Грковски, Армин Ајроски, Благица Велјановска, Викторија Стојаноска, Горјан Ристов, Јасмин Идризовиќ ,   Кристијан Пешовски  Кристина Јованова , Лоренцо Трајановски, Онур Беќироски, Стефан Младеновски, Тамара Ристеска, Христијан Алексоски и Шеип Исакоски настапија со по 2 песни. Некои од нив како што беше примерот со Андреј Грковски  се потрудија и со соодветна котрографија да го збогатат својот настап. Овие 14 финалисти беа на различна возраст од тинејџери до зрели години .Највозрасниот финалист Лоренцо Трајановски пожарникар од Делчево има 51 година и неговото искуство во шоуто го охрабри да се пријави во “Никад није касно”. Наградите за првите тројца се идентични  песна и видео спот. Автори на истите ќе бидат Анита Даева, Бојан Здравески и Ване Петкоски. Песните кои ќе се работат ќе бидат според вокалите и желбите на најдобрите. Дел од нив се одлучија тоа да бидат поп , песни а некој фолк. Во периодот кој следи интензивно ќе се работи на нив. М-р Мендо Ташкоски уште при неговото гостување на почетокот од сезонава изјави дека најдобриот ќе добие авторска песна и од него. Што значи Јасмин Идризовиќ ке сними 2 песни. Радоста по победата кај симпатичниот  стоматологот беше голема , на прашање на водителката да одбере да отпее нешто по негов избор тој беше потполно збунет и возбуден Како културно воспитано момче се заблагодари на сите кои тоа го заслужуваат и гордо го крена симболичното признание , статуетка со ретро микрофон на која пишува победник. Второнаградената Кристина Јованова блескаше со својота преубава насмевка и  раскошен глас, по нејзина желба песната која ќе ја добие од ИН Продукција ќе биде дуетска , со нејзиното момче Горјан Ристов кој исто така беше финалист. Оваа интересна медицинско-музичка двојка ги освои симпатиите кај редовните гледачи на шоуто. На финалето третонаградената Благица Велјаноска беше најрасположена од сите, без никакви бариери со целата своја слобода играше на сцена со некој од финалистите. На крај од вечерта сите ја запеаја силната “Заветна”. Во втората сезона од македондкото талент шоу имаше 20 финалисти а овогодинешното финале со свои песни го збогатија највредните од нив.Тоа се Теомен Богојевски и Благојче Тодоровски кои веќе имаат по 2 авторски песни, фестивалски и ТВ настапи. Тодоровски работи со својот бенд Здраве Мјузик а Богојевски со Инклузив бенд. Нови имиња, нови пријателства, нови песни .Бенефитот е голем а најголема од се е љубовта кон македонската песна. Им посакуваме многу среќа и блескава музичка кариера на сите. Топлото лето е пред нас а во меѓувреме ИН продукција стартува со подготивките за четвртата сезона од најмакедонското талент шоу потпишано од вредниот Ване Петкоски инеговиот одличен тим.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...