Примопредавање на функцијата директор на ЈЗУ Општа болница Охрид
<
Денеска во просториите на административната зграда при ЈЗУ Општа болница Охрид, во пријатна работна атмосфера се изврши примопредавање на функцијата Директор на Установата. Досегашниот Директор д-р Асен Шајн ја предаде должоста на новиот В.Д. Директор д-р Горан Маркоски, со желби за понатамошен успех и континуитет во работата.
Ова примопредавање означува продолжување на посветеноста кон квалитетна здравствена нега и задоволството на пациенти. Процесот на надградба на квалитетната здравствена заштита ќе биде приоритет во иднина, со фокус на иновации и одговорност кон заедница.