20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица: Тежок криминал во „Кромберг и Шуберт”- Врз грбот на работниците

Левица: Тежок криминал во „Кромберг и Шуберт”- Врз грбот на работниците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

​​​​Неколку дена во фабриката „Кромберг и Шуберт” е присутна финансиска полиција поради сомневање за проневера на милионски суми. Криминалниот ланец помеѓу управата во најпрофитабилниот германски гигант во Македонија долго време функционирал беспрекорно, велат од Левица.
Моментално се отпуштени неколку лица од директориумот и се под строг финансиски претрес поради ПРОНЕВЕРА на финансиски средства, кои требало да завршат кај вработените како бонус. Овие лица криминално се богателе, додека работниците на пеколни температури се масовно експлоатирани, дискриминирани и оштетени за профитот на поединци.

<

Финансиската полиција започнува да врши истрага за сите инволвирани кои го изработувале финансискиот дел за вработените во Битола, Скопје и Србија. Информациите кои пристигнаа до нас тврдат дека се вршела проневера на пари преку хотелиерски услуги, помеѓу склучени договори за престој на вработени во фабриката во Скопје кои доаѓале од Битола. Претходно, Левица испрати претставка до Трудов инспекторат поради дојави за кршење на работничките права, каде вработените беа приморани да работат повеќе од законски дозволеното. Ја информираме јавноста дека по завршувањето на истрагата, граѓаните ќе имаат информација, со име и презиме, кој се богател врз потта на обичниот работник“, велат од Левица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...