17.9 C
Ohrid
четврток, септември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПеце од Битола со булдожер тешок сто тони направи заштитни појаси, со...

Пеце од Битола со булдожер тешок сто тони направи заштитни појаси, со тоа успеа да се спасат од големиот пожар селото Паралово и црквата „Св. Ѓорги

За да се вклучи во акцијата за спас на Паралово, Јанкуловски се врати од годишен одмор и успеа да го пренесе булдожерот три километри по козји пат, на стрмен кос терен за да гасне на местото каде беше најризично.

Пеце Јанкуловски од битолската населба Горно Оризари, повеќегодишен машинист во РЕК „Битола“, со булдожер тешок сто тони правејќи заштитни појаси придонесе да се спасат од големиот пожар селото Паралово и црквата „Св. Ѓорги“ каде е и гробот на војводата Ѓорги Сугарев. Јанкуловски, кој и претходно бил вклучен во гасење пожари, со голема пожртвуваност, преземајќи и ризични потези, со машината во сопственоста на РЕК, на моменти влегувајќи дури и во самиот оган, направи појаси со земјен пат низ шумата со што спречи ширење на огнот.

За да се вклучи во акцијата за спас на Паралово тој се врати од годишен одмор и успеа да го пренесе булдожерот три километри по козји пат, на стрмен кос терен за да гасне на местото каде беше најризично.

„Не ми беше толку страшно гаснењето, колку што ми беше страшно да ја пренесам машината од Грумази до над Паралово. Дојдоа двајца жители и ми рекоа ќе доаѓаш по нас. Од Грумази до над Паралово тоа не беше пат, туку козјо патче, машина од 100 тона со 6 метри нож, не знам кој би се нафатил да ја пренесе по тој пат. Поминав околу 3 километри, од едната страна провалија 300 метри, а од друга страна планината, а возев по коса линија“, кажува Јанкуловски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Кога стигнал над Паралово, огнот се ширел со голема брзина, а на места имал зафатено и борова шума. Почнал со машината да прави заштитни појаси на кои останувала само земја, остранувајќи ги лисјата и ниска вегетација кои лесно горат и го шират огнот.

„Огнот беше големо страшилиште. Теренот многу е стрмен. Со машината се спуштив 500 метри од сртот надолу кон манастирот и селото Паралово. Другите викаа ’бегај подалеку од огнот’, реков ‘не, мора поблизу за побрзо да се спречи ширењето’. Имаше и зафатени борови, влегов директно во огнот и ја пресеков парцелата. Направив неколку појаси. И се запре ширењето“, вели Јанкуловски.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Драма во Средношколскиот дом во Битола: Таткото го претепал цимерот на синот

Во СВР Битола вчера во 14.00 часот Ј.Б.(41) од Кичево пријавил дека во неговата соба во интернат во Битола, неговиот малолетен син бил физички...

Кривична за геометар од Струга: изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена...

Борисов бара извинување од Скопје и оставка од Aлександар Николоски

Не стивнуваат реакциите во Бугарија по изјавата на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски упатена кон бугарските власти во врска со непоставувањето...

Охриѓанката Наташа Совраноски е исчезната од втори септември во Штутграрт, Германија: Ја нема веќе 17 дена!

Наташа Совраноски, 25-годишна жена по потекло од Македонија, која живеела во Штутграрт, Германија, е исчезната од втори септември. Младата жена живеела заедно со партнерот...