12.9 C
Ohrid
среда, септември 18, 2024
ПочетнаМакедонијаСтружанец се бранел дека ја чистел нивата и со отпушок предизвикал пожар,...

Стружанец се бранел дека ја чистел нивата и со отпушок предизвикал пожар, ама полицијата му најде канти со бензин

Едно лице било повикано во охридската полиција на информативен разговор во врска пожарот што вчера вечер изби во близина на аеродромот во Охрид.
Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило.
Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и 23-годишен жител на Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата, а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи. Истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца полицајци ослободиле осуденик зашто немало место во затворот во Битола

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука. Според...

Македонецот од Пирин ќе ви каже каков проблем имал со Грк поради неговата тетоважа

Во Бугарија се осеќам како Македонец, до сега проблеми сум имал само еднаш и тоа во Грција.. Откако еден грк ми ја виде тетоважата додека...

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот...

Есенски екскурзии за пензионерите од Битола

Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до...