23.9 C
Ohrid
сабота, август 23, 2025
ПочетнаМакедонијаНовата учебна година не започна за помалиот син на штипјанецот Зоран Мијалков

Новата учебна година не започна за помалиот син на штипјанецот Зоран Мијалков

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новата учебна година не започна за помалиот син на штипјанецот Зоран Мијалков. Тој е родител на дете со посебни потреби и три години имал образовен асистент во Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ во Штип. Но, денеска неговиот син Никола не беше пречекан од образовниот асистен, кој му помага во текот на наставниот процес. Мијалков денеска пред медиумите истакна дека помошта од образовниот асистент е голема за неговиот син.

<

-Оваа година асистентка на почетокот на година нема, што значи нашите деца две до три недели ќе останат без образование. За децата со посебни потреби асистентите се важни оти имаат потреба од помош, изјави Мијалков.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска изјави дека се ќе биде во ред и со настава редовно ќе започнат и децата со посебни потреби. Посочи дека над 800 образовани асистенти денеска ги потпишале договорите за работа, а уште 200 тоа ќе го сторат во наредниот период.

Министерката Јаневска додава дека конкурсот за овие асистенти ќе трае пет дена, потоа ќе следат обуки од две недели и ќе можат да почнат со работа. Но, порача дека училиштата не смеат да ги враќаат децата со посебни потреби кои немаат образовни асистенти, туку да ги прифаќаат, бидејќи секое училиште е обврзано да има инклузивни тимови.

МИА

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски за неговите градоначалници: Четири години работа без афери, со чесен образ пред граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ изјави дека локалните власти предводени од градоначалници на партијата успеале...

Штипјанец со “БМВ” возел со 252 километри на час !!!

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со 252 км на час на место каде што е дозволено 120 км на час На 22.08.2025...

Србија е на раб на граѓанска војна, вели Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк каде што се подготвува за поход кон својата 25. гренд слем титула во кариерата.Во разговор за српските...

Средба на вицепремиерот Николоски и евроамбасадорот Рокас

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Н.Е. Михалис Рокас. ...