17.9 C
Ohrid
четврток, септември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВо селото Куратица ја има една од најретките цркви во Македонија, Св....

Во селото Куратица ја има една од најретките цркви во Македонија, Св. Симеон.

Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 – 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ? уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.

Празнувањето на Св.Симеон Столпник во Куратица, 14.09.2024 – Сабота започнува со утринска богослужба во 11:00 часот.

Од 12 часот ќе се служи свечен ручек и следува заедничка музичка веселба на Курајчкото сретсело, а ќе не забавува групата Фолк Мерак.
Црквата се наоѓа во близина на сретселото веднаш над училиштето или погледнете на мапа https://maps.app.goo.gl/pW6G52wkEW4BGnFy8

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од 1 јануари 100 евра казна за возачка дозвола со „Република Македонија“

Возачките дозволи со старото име на државата „Република Македонија“, нема да важат после 31 декември 2024 година.. Прекршочен платен налог и парична казна во износ...

Свадбена традиција во Романија: Гостите ставаат пари во градите на невестата

Вирална снимка од свадба во Романија предизвика бура на социјалните мрежи, откако се појави видео каде што гостите на церемонијата ставаат пари во градите...

Одложена операцијата на Зоки Фаци: Хоспитализиран е, операцијата е сериозна, се чека лекарскиот тим

Одложена е операцијата на шоу-бизнис новинарот, Зоран Василевски-Фаци кој денеска требаше да влезе во операциона сала. Јутуберот Стефан Лазаров, кој е и негов соработик,...

Градоначалникот Пецаков со 80.000 денари донација за Мухамед Максуд.

Средствата во износ од 133 000 денари кои изминатиов период се собраа од хуманитарните паркинзи ги донираме онаму каде што е најпотребно. Дел од овие...