13.9 C
Ohrid
четврток, септември 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКривична за геометар од Струга: изработил лажно решение за приватизација на градежно...

Кривична за геометар од Струга: изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Тој, во својство на помлад референт – геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно – правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште по основ стекната со надомест, внел број од друг предмет, своерачно се потпишал и во име на овластениот потписник, фалсификувајќи го неговиот потпис, и го втиснал службениот печат од Министерството за финансии за првостепена постапка.

Изготвеното лажно решение на 29.05.2024 година го испратил во Одделение за катастар на недвижности во Струга со намера да биде катастарски впишано и спроведено, додека архивираниот предмет, чиј број го искористил, веднаш го уништил.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Тврдам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, зборувајќи за евроинтегративниот процес на Македонија, во интервју за Канал 5 рече дека тој прв изјавил дека...

Касандра доаѓа во Србија – И плаќаат 30.000 евра

Латиноамериканската ѕвезда Кораима Торес, која се прослави со улогата на Касандра во популарната истоимена латинска сапуница, пристигнува во Србија кон крајот на месецот за...

Среќно заврши потрагата по исчезнатата велешанка – еве каде е пронајдена

Младата велешанка Теодора, која заедно со својата две-годишна ќерка заминала од домот на родителите на 16-ти септември, и по која се трагаше, вчера биле...

Драма во Средношколскиот дом во Битола: Таткото го претепал цимерот на синот

Во СВР Битола вчера во 14.00 часот Ј.Б.(41) од Кичево пријавил дека во неговата соба во интернат во Битола, неговиот малолетен син бил физички...