23.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски за незаконска легализација на тениски...

МВР поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски за незаконска легализација на тениски игралишта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против градоначалник на една скопска општина, пет лица вработени во Секторот за урбанизам во истата општина и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Неофицијално се работи за Стевчо Јакимовски.

<

Имено, по поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, пријавените пет вработени во општината излегле на местото, бил изготвен записник за увид на место, во кој спротивно на Законот за градење и Законот за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти, констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација – тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако таков вид на објекти се времени објекти и не можат да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, велат од МВР.

На тој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3993 метри квадратни, односно да се стекне со противправна имотна корист во износ од 147.341.700 денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...