13.1 C
Ohrid
вторник, октомври 8, 2024
ПочетнаМакедонијаConti бара уплата на дополнителен депозит за да можат да се повлечат...

Conti бара уплата на дополнителен депозит за да можат да се повлечат средствата од сметките

Помеѓу корисниците на платформа Conti, е споделено соопштение дека „поради проблеми со даночната усогласеност на платформата Conti, средствата од корисниците кои имале неодамнешни неуспешни повлекувања се вратени на нивните сметки“. Меѓутоа, за да може да ги повлечат средствата, сега од Conti бараат уплата на дополнителен депозит, кој ќе биде вратен.
„Корисниците кои нема да го почитуваат рокот за уплата ќе имаат замрзнати и трајно деактивирани сметки, а средствата нема да може да се повлечат“ стои во соопштението на Conti.

На овој начин, од платформата се обидуваат да изнудат уште пари од веќе излажаните граѓани, помеѓу кои, според сведоштвата, има и такви кои останале покуси и за суми кои надминуваат над 10 илјади евра. Тука намерата дека е обид за измама станува јасна веднаш, бидејќи Conti не е даночно усогласен со законите во земјава, бидејќи сите плаќања, кон и од платформата се одвивале во крипто валути, преку платформата Binance, а не преку трансакциска сметка.

Но освен овој обид за дополнителна измама, на социјалните мрежи се појавија низа реклами кои ветуваат дека можат да им ги вратат парите на граѓаните. Некои бараат депозит за менување на словенски сервер на Conti, каде исплатите се вршеле без проблем. Една ваква платформа, бара депозит од 100 долари, за да го претвори вашиот македонски Conti профил во словенечки, со цел да може да ги извадите парите. Меѓутоа, ваквата веб страница за наводниот словенечки сервер на Conti е регистрирана вчера, откако веќе стана јасно дека платформата Conti е пирамидална измама.

Иако веќе стана јасно дека платформата Conti е пирамидална измама, се уште се активни и македонските граѓани се уште се обидуваат да заработат преку останатите платформи како DGPT, Eternal, Aurora Films и други платформи, кои функционираат на истиот принцип. На сите овие платформи граѓаните треба да купат пакет со цел да гледаат видеа, па така да ги враќаат своите средства.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Предлагам Бугарите да ги ставиме во устав, ама откако Бугарија ќе го ратификува нашето членство во ЕУ.

Премиерот Христијан Мицкоски предлага преговарачката рамка со Европската унија да биде направена по урнек на Преспанскиот договор, што значи дека Бугарите ќе бидат внесени...

Касами: Лице од Косово го има подметнато пожарот во подрумските простории на општина Тетово

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами вели пожарот кој избувна во подрумските простории на општина Тетово бил намерно предизвикан и ова го потврдиле и...

Трпе Мартиновски веќе навлезен во 60-тите години од својот живот успешно го истрча Скопскиот Маратон (42.195км).

Нашиот легендарен маратонец Трпе Мартиновски веќе навлезен во 60-тите години од својот живот успешно го истрча Скопскиот Маратон (42.195км). Трпе Мартиновски на Скопскиот Маратон учествува...

Александар менаџер на „Конти“: Сите знаеја за што се работи, гаранции нема, се плаќаше во крипто валути

Аферата „Конти“ што пукна пред некој ден и каде според проценките македонските граѓани изгубија околу 10 милиони евра сеуште ја тресе Македонија. Се работи...