8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМицотакис: Договорот од Преспа е лош, но сега треба да ги заштитиме...

Мицотакис: Договорот од Преспа е лош, но сега треба да ги заштитиме македонските производи и да вршиме постојан надзор на соседот

Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, алатка за модернизација на соседите, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун за време на неговиот говор на официјалната вечера на Меѓународниот симпозиум, а го повтори и ставот дека Договорот од Преспа е негативен за Грција, jави дописничката на МИА.

„Многу пати, од овде, од Солун имам кажано дека ние сме земја која одново ќе стане протагонист во нашето соседство, на Балканот. Токму затоа очекуваме државите од Западен Балкан да одговорат правилно на обврските на нивната европска перспектива. Да не заборавиме дека тој пат беше отворен овде, во Солун, во 2003 година. Оваа наша позиција ја повторив и истакнав и на последниот Самит на Европската Унија. Грција го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Не само затоа што тоа ја претвора перспективата во фактор на стабилност за регионот, туку и затоа што е демократска алатка за притисок за неопходната модернизација на нашите соседи. И за решавање нашите билатерални разлики“, рече грчкиот премиер.

Мицотакис во говорот во Солун се осврна посебно и на двете земји кандидати за членство во Европската Унија. Во однос на Северна Македонија се задржа на Договорот од Преспа, повторувајќи го неговиот став дека се против, но и дека нема да ја изложи земјата на перипетии.

„Сè уште верувам дека Договорот од Преспа е негативен договор за нашата земја. Гласав против, но чесно предупредувајќи ги Грците што произлегува од потпишувањето. Но, јас нема да го навредам нашиот државен грб, иако другите го ставија нивниот потпис под него. Ниту ќе изложам земјата на перипетии. Без да ризикуваме најмала дестабилизација, внимателно ќе следиме како нашите соседи одговараат на нивните обврски. И, се разбира, во решавањето на нерешените прашања, на прво место заштитата на македонските производи“, рече Мицотакис и објасни дека за конкретното прашање, за производите детално разговарал на состанокот со префектот, градоначалникот на Солун и со производителите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...