21.6 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаФизиотерапевт од Струга после 19 години остана без работа, новиот директор без...

Физиотерапевт од Струга после 19 години остана без работа, новиот директор без никакво образложение го раскинал договорот !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стружанец, 19 години договорец, остана без работа. Димче Димоски дипломирал, бил стипендист на државата, како дефицитарен кадар во 2005-та година. Речиси една деценија со договор на дело, работел во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија, неколку години работел приватно, а последните две бил ангажиран во Специјалната болница за нефрологија.

<

Новиот директор пред еден месец, без никакво објаснување му го раскинал договорот.

„Барам објаснување од министерот за здравство зошто ми е прекинат договорот бидејќи од директорот не добив никакво објаснување, ниту писмено, ниту усно зошто ми е прекинат договорот за дело, а на мое место се вработуваат исто така со договор на дело тројца нови колеги“, вели Димче Димоски.

Во време на недостаток на квалитетен стручен медицински кадар, наместо да се стимулираат професионалците, тие се бркаат од работа. Колегите од болницата сведочат дека на местото на еден професионалец се донесени тројца некомпетентни, дел од нив не го познаваат македонскиот јазик.

„Ние имавме навистина еден квалитетен стручњак човек којшто навистина ја познава својата професија до максимум, човек на којшто можеш да се потпреш во секој момент. На негово место ни се донесоа нови три лица кои не се едуцирани, не се компетентни“, изјави д-р Елизабета Димоска Чифлигароска од Специјалната болница за нефрологија.

Димоски е родител на две малолетни деца, бара од надлежните решавање на работниот статус. Директорот на Специјалната болница за нефрологија, д-р Јетмир Зиба, за случувањата најави став од следната недела.

Соња Рилковска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсена докторка во Македонија за примање поткуп !!!

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во...

Сообраќајка кај Битола: Автомобил удри во комбајн

Попладнево се случила сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп кај клучката с. Тополчани. Според информациите, се судриле автомобил и комбајн. Засега нема информации за повредени.

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...