7 C
Ohrid
четврток, јануари 30, 2025
ПочетнаМакедонијаПризнание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA...

Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II

spot_img

Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II

<

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно професионално и посветено преземаа мерки во рамки на операцијата LIBERTERRA II на ИНТЕРПОЛ, која беше промовирана во текот на Генералното собрание во Глазгов, Обединетото Кралство

На почетокот на октомври 2024 година, нашето Министерство за внатрешни работи беше домаќин на Европскиот оперативен штаб, воспоставен во рамки на меѓународната операција LIBERTERRA II, координирана од страна на ИНТЕРПОЛ, со учество на 116 држави од светот.

Глобалната операција беше насочена кон идентификување, откривање и сузбивање на криминалните групи кои се инволвирани во криумчарење мигранти, трговија со луѓе и други поврзани криминални активности.

Во текот на оперативните активности на LIBERTERRA II, покрај присуство на државите од Европскиот регион, од особено значење беше и присуството на обвинители од регионот, со цел координирање на заедничките оперативни случаи на трговија со луѓе и илегална миграција.

Преку координиран пристап на сите релевантни служби на национално ниво пред се, а потоа и на регионално и меѓународно ниво, оваа операција забележа значителни успеси и доведе до реализација на зацртаните цели.

Во рамки на сите фази, пред-оперативната, оперативната и пост-оперативната фаза, спроведени беа акциски контроли и извршени детални проверки на лица, возила и документи, како и HOTSPOT операција со присуство на претставници од Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ во прифатните центри за илегални мигранти.

Откриени се значителен број на мигранти, најмногу со потекло од Сирија, Палестина и Египет, а за одбележување се успешно реализираните случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, меѓу кои се вбројуваат разбивањето на една од позначајните мрежи за криумчарење мигранти во државата, полициска операција под кодно име „Кипер“, при што од слобода беа лишени седум осомничени лица, членови на организирана криминална група за криумчарење мигранти од Сирија, Конго, Ирак, Нигерија, преку територијата на Македонија во Србија, како полициската операција „Шипка”, при што разбиена е организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, при што беа лишени 13 лица, а откриени 35 странски државјанки од Украина, Русија, Србија, Молдавија, Албанија, Колумбија и Македонија.

Во нашиот регион, сеуште се активни предизвиците поврзани со мигрантската криза, а криумчарењето мигранти останува еден од најатрактивните криминални пазари. И покрај фактот што обидите за илегално транзитирање низ нашата држава се со намален тренд, транзитната западно балканска рута и понатаму останува активна, чија флексибилност се користи од криумчарите за креирање нови модуси, со употреба на софистицирани технолошки средства.

Меѓународната соработка и учеството на нашата држава во оперативните активности координирани од страна на ИНТЕРПОЛ говори за нашата целосна посветеност за соработка, спроведување меѓународни истраги, како и развивање на механизми за брза размена на информации.
Нашите секојдневни заложби за позиционирање на македонската полиција во релевантен фактор во борбата против меѓународниот криминал се видливи и препознаени од страна на нашите партнери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Отровно растение од Тексас се појави во Неготино, ако го забележите, веднаш алармирајте велат од „Ековита”

Насловна / Локално Објавено на: January 29, 2025 Отровно растение од Тексас се појави во Тиквешијата, ако го забележите, веднаш алармирајте велат од „Ековита” t Отровно растение кое...

Градоначалникот Пецаков предлага Домот на културата во „Кошишта“ да го носи името на охридскиот културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде

Утре советниците ќе одлучуваат Домот на културата во „Кошишта“ да го носи името на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде. Со цел да...

Охриѓанецот Давид Велковски како бодовен судија ќе ја дели правдата на Европското првенство во Талин , Естонија

Давид Велковски како бодовен судија ќе ја дели правдата на Европското првенство во Талин , Естонија Во Талин Естонија, од 28.04-04.05 2025 година, ќе се...

21-годишник од село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Полициски службеници од СВР Велес, вчера го уапси 21 годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат...