14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаЌе те уништиме“: Исчезнатиот ехо апарат пронајден во гаража на болницата со...

Ќе те уништиме“: Исчезнатиот ехо апарат пронајден во гаража на болницата со натпис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во текот на вчерашниот ден СВР Кичево соопшти дека покрената е кривична пријава против лицето со иницијали С.Т. (49) од Кичево за „проневера во служба“.

<

Тој е осомничен за „исчезнувањето“ на ехо апаратот од кичевската болница.

Новата директорка на Болнцата Маја Цветановска – Трајковска, вели дека во септември сакала да ја стави во функција ова апаратурата која е добиена како донација пред три години, но не можела да ја најде.

-Јас во септември забележав дека го нема апаратот. Откако ја преземав службената должност сакав да го ставам апаратот во функција, насекаде го баравме но не го најдовме. На 21 октомври откако немаше веќе надеж за пронаоѓање, случајот го пријавив во полициска станица, изјави Маја Цветановска Трајковска, директорка на кичевската болница.

По ова имаше разни теории за локацијата на апаратот.

Откако случајот беше пријавен во полиција, апаратот беше пронајден ноќта меѓу 23 и 24 октомври во отворената гаража на болницата. Бил покриен со кеси и имал натпис „Ќе те уништиме“.

Од тој ден до вчера до околу 14 часот ехо апаратот беше во полиција во одделот за технички криминал. Вчера попладне е ставен во магацин и наскоро ќе се инсталира за да се пушти во употреба.

Меѓу лицата кон кои е вперен прстот за исчезнувањето на ехо апаратот беше и екс директорот на кичевската болница, Станко Трпески. Тој за ТВ21 рече дека е потресен од овие вести и отфрли се што се вели против него.

-Негирам се за што сум обвинет. Полицијата дури и не дојде кај мене дома. Ангажирав адвокат за сите обвинувања што ми беа упатени и се ќе оди на суд за да докажам дека тоа не било кај мене и не сум го земал. Апаратот цело време бил во болница, вели Станко Трпески, екс директор на кичевската болница.

Апаратот е донација од Министерството за социјала и е вреден околу 2 милиони денари. Не беше пуштен во употреба бидејќи требаше да се инсталира и да се обучи персоналот да го користи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...