6.9 C
Ohrid
петок, декември 20, 2024
ПочетнаМакедонијаУапсени 17 лица меѓу кои најголем дел малолетници поврзани со сквернавење на...

Уапсени 17 лица меѓу кои најголем дел малолетници поврзани со сквернавење на национални симболи

spot_img

17 луѓе, меѓу кои најголем дел малолетници, се уапсени во последните два дена за инцидентите кои настанаа за време и по прославата на Денот на албанското знаме, информираше министерот за внатрешни Панче Тошковски.

Во текот на вчерашниот ден биле уапсени двајца малолетници кои му помагале на лицето кое го кинеше македонското знаме, а двајца за симнувањето од јарбол и палењето на државното знаме. Во Прилеп, пак, уапсени се тројца кои го сквернавеле албанското знаме. Приведен е и 17 годишник, за кој МВР објави и снимка, како го ги корне симболите на Конзулатот на Република Србија во Куманово. Тошковски информираше и дека ОВР Кичево постапило по лице кое од јарбол ги симнал и македонското и албанското знаме. Првиот човек на полицијата упати апел до сите граѓани да не подлегнуваат на провокации и да не дозволат да се нарушува јавниот ред и мир.

МВР одлучно и жестоко ќе одговори како што и одговара. Времето на зимски сон на инстутциите заврши, 17 луѓе уапсивме за овие два дена и ќе продолжиме нема да застанеме, за секој еден кој има докази да сквернави државен симбол без разлика дали се симбол на Македонија Србија, Албанија, Грција секој еден кој ќе се огреши ќе одговара. Апелирам замолувам да го почтиуваме законот да се почитуваме едни со други да работиме во интерес на нашата татковина.“ – кажа министерот.

Прашан дали од полицијата имала претходни информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека такви индиции од АНБ немало, но рече предупредувања за можни ескалации имало од други безбедносни институции. Според министерот полицијата за време на инцидентите реагирала професионално навремено и зрело.

„ Во однос на овие два дена информации се добиени дека не се очекува да нема никакви немири и несекани работи, во однос на првиот ден значаен за нашите сограѓани се покажаа за точни информациите за вториот се покажаа неточни. Оваа информација е добиена од АНБ додека беше менаџирана од страна на претходното раководство. Но дали бевме предупредени од страна на сите инстѕуции кои се занимаваат со прашања со бгезбедноста, да бевме предупредени дека е можно да има немили настани во ткеот на изминатата недела и сметам дека и повторно ќе повторам полицијата како превентивно така и репресивно максимално професионално и одлучно одговори “ – изјави минситерот.
Канал 5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Куќна слава се прави каде сакаш“: Миа Костова славеше Св. Никола во кафеана

Инфлуенсерката Миа Костова на 18.12 оваа година го прослави празникот Свети Никола и по тој повод ги собра најблиските во кафеана. Миа заедно со саканите...

По втор пат запален автомобилот на ексначалникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски.

По втор пат запален автомобилот на ексначалникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски. За неколку дена ова е второ палење на возило во градот под Исарот,...

Обвинителството нема да го гони Дрин Ахмети за петардите и огнометите-Немал голема количина !!

Обвинителството одлучи да не покренува кривична постапка против Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките средства што беа...

Детската клиника и директорот ќе платат само парична казна – Не образложиле написмено зошто не го примиле бебето кое почина

Клиниката за детски болести и директорот д-р Реџеп Мемеди ќе треба да платат казна оти не издале писмено образложение за причините за одбивањето на...