7.3 C
Ohrid
четврток, декември 5, 2024
ПочетнаМакедонијаДУИ: Како може децата во Аеродром да се облекуваат како Комити а...

ДУИ: Како може децата во Аеродром да се облекуваат како Комити а во Челопек не може како УЧК?

spot_img

Двојните стандарди и хипокризијата на оваа влада немаат крај Денес, Министерот за образование се заканува со санкции за едно училиште во Челопек, бидејќи децата албанци на културен настан носеле униформи кои ја симболизираат историјата и гордоста на албанскиот народ. Ова е продолжение на антиалбанските политики што се спроведуваат во последните месеци, каде што секое изразување на албанскиот идентитет и историја се напаѓа и се третира како провокација – се вели во соопштението на ДУИ откако во јавноста беа објавени фотографии од деца во училиштето кои позираат во униформи на УЧК.

Но, кога во едно македонско училиште во Аеродром децата носеа униформи на Комитите и изведуваа воени поздрави, немаше никаква реакција. Тогаш, Демократската унија за интеграција не дозволи, како што нема да дозволи , ваквите активности да се злоупотребат за создавање меѓуетнички тензии или поделби во општеството. Во тоа време, сметавме дека е важно децата да не бидат вовлечени во политички и етнички конфликти.

Но денес, оваа влада избра да ги напаѓа децата албанци и нивниот идентитет, отворено демонстрирајќи дискриминација. Ако во минатото покажавме толеранција кон слични активности во духот на соживотот, тоа не ѝ дава право на оваа влада денес да ги казнува Албанците за исти или слични постапки.

Бараме Министерот за образование веднаш да се повлече од заканите против училиштето во Челопек и да престане со политизација на културните активности на децата. Секој обид за создавање поделби и дискриминација нема да биде толериран. Албанците не се граѓани од втор ред и нема да дозволат нивниот идентитет и национална гордост да бидат омаловажувани.

Демократската унија за интеграција секогаш ќе застане во одбрана на достоинството и правата на Албанците, докажувајќи дека нашиот идентитет не е провокација, туку заедничко богатство за целото наше општество“ – се вели во соопштението на ДУИ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потерница се бара адвокатот кој ја запали Адвокатска коморa

МВР распиша потерница за скопјанецот кој завчера го запали објектот каде е сместена Адвокатската комора на Македонија. Станува збор за Александар Ристески, адвокат од Скопје. На...

Падна владата на Франција

Француските опозициски пратеници ја срушија владата, фрлајќи ја втората по големина економска сила на Европската унија подлабоко во политичка криза што го загрозува нејзиниот...

Најпрво паднало детето, по него и бабата – нови детали од трагедијата во Кисела Вода

Стабилна е здравствената состојба на девет годишното дете кое синоќа падна од шестиот кат од зградата во скопската населба Кисела Вода, објави Канал 5. Од...

Од 58 држави, учениците од Македонија се на 47 место по резултати за природни науки, а во математичка писменост се на 44 место

Од 58 држави, учениците од Македонија се на 47 место по резултати за природни науки, а во математичка писменост се на 44 место, соопшти...