11.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМажите и жените во пензија на 67 години, предлага Фискалниот совет за...

Мажите и жените во пензија на 67 години, предлага Фискалниот совет за спас на фондот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фискалниот совет цврсто препорачува од почетокот на 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензиско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5%, се вели во Фискалната стратегија која е усвоена од Собранието.
Во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија на 67-годишна возраст и тоа и за мажи и за жени. Ваква препорака стои во Фискалната стратегија 2025-2029 година што ја изготви Фискалниот совет, а ја усвои Собранието.

<

Фискалниот совет е државна институција чиј основач е Собранието. Советот беше формиран лани, на барање на меѓународната заедница, со цел да биде контролен механизам на власта против високи буџетски дефицити и високи нивоа на јавниот долг. Фискалниот совет мониторира како власта го крои буџетот и како менаџира со јавниот долг на државата и укажува дали тоа е добро или лошо за фискалната одржливост. Во него членуваат и академик Абдулменаф Беџети, професорката од Економски факултет, Мирјана Трпеска, како и долгогодишниот банкар и професор Глигор Бишев. Членовите ги предложија три институции, и тоа Македонската академија на науките и уметностите, Државниот завод за ревизија и Народната банка на Македонија.

Определбата за задржување на истите стапки на пензиско и инвалидско осигурување со значителното линеарно зголемување на пензиите на два пати по 2.500 денари не само што ќе го зголеми јазот помеѓу приходите од придонеси и расходите за пензии, а со тоа и потребата за покривање од Буџетот на државата, туку на подолг рок уште повеќе ќе ја наруши фискалната одржливост на ФПИОМ. Фискалниот совет е на мислење дека за одржување на ФПИОМ, за намалување на фискалните ризици и за консолдација на буџетот во наредниот среднорочен период, потребни се дополнителни мерки, како зголемување на работниот век на вработените, така и постепено (макар и благо) зголемување на стапката на придонесот за ФПИОМ. Тековната е 18,8% и е за 2,4% помала во однос на 2008 година, кога изнесуваше 21,2%. Кога на оваа би се додало стареењето на населението, а со тоа и секоја година зголемувањето на бројот на пензионери за околу 1.500 до 1.700 нови пензионери, придружено и со преференцијата за емигрирање на младите во странство, а со тоа и релативно намалување на покриеноста на пензионите приходи со наплатените придонеси, проблемот уште повеќе станува комплексен“, се вели во Стратегијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Судијата Ферати постапил исклучиво согласно пропишаните законски норми за случајот со Теодора“

Македонија „Судијата Ферати постапил исклучиво согласно пропишаните законски норми за случајот со Теодора“, велат од Подружницата на Здружение на судии при Суд Тетово Автор: Деск 4NEWS.MK 10/04/2025 14:06 Подружницата...

Автомобил целосно изгоре близу „Водњанска“

Автомобил целосно изгоре на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“. Веднаш интервенирале противпожарни екипи, а автомобилот е целосно оштетен и изгорен.

Гол маж го шокираше Скопје – Прошета низ центарот на градот

Утринава, пред помалку од еден час, кај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, минувачите и средношколците беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж прошета...

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...