19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаСам против сите: Охриѓанецот Давид Крстески највисоко на пиедесталот на Европскиот Таеквон-до...

Сам против сите: Охриѓанецот Давид Крстески највисоко на пиедесталот на Европскиот Таеквон-до ИТФ куп во Софија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сам против сите: Охриѓанецот Давид Крстески највисоко на пиедесталот на Европскиот Таеквон-до ИТФ куп во Софија

<


Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседтаелот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски учествуваше на Европскиот Таеквон-до ИТФ куп во Софија, соседна Бугарија, кој се одржа од 30.12-01.12 2024 година, каде учествуваа 966 натпреварувачи од 14 земји од Европа. Боите на нашата држава ги претставуваа 10 натпреваувачи кои и овај пат не заборавија да не направат горди како Македонци , освојувајќи 2 златни и 2 сребрени медали.
Премногу се гордеам што имаме натпреварувачи од типот на Давид Крстески и Христијана Парулеска, Божидар Димитриевиќ, а уште повеќе ме радува што имаме и помлади генерации како Миа Танеска, кои одат по стапките на најдобрите. Пред се сакам да ги пофалам сите натпреварувачи кои ја претставуваа М.Т.Т.Ф , кои покажаа голема пожртвуваност и храброст, достојно претставувајќи ја Македонија. Херојот на овај Европски Куп е Давид Крстески кој на патот до златото имаше пет победи, првата со претставникот на Бугарија, а потоа со четири натпреварувачи од Укеаина која е една од најјаките репрезентации во светот, а на Евро Купот учествувава со околу 300 натпреварувачи. Како некоја навика ние секогаш на секој натпревар имаме последни борби, па така и овај пат категоријата од Давид остана последна во спортската сала, за полуфинале и финале до борилиштето на Давид Крстески дојдоја над 300 Украинци кои ги бодреа нивните претставници на цел глас. Давид Крстески место да подлегне на нивните овации, во стилот на Новак Ѓоковиќ, сам против сите, мајсторски ги победи нивните претставници, со што можеме да се пофалиме доживеавме за нас како Маекдонија да навиваат и Грци,Бугари, Срби Словенци. Како претседател на Федерација сакам да упатам огромна благодарност до организаторите , БИТФ,кои за полуфинале и финале ги одбраа најдобрите судии ,кои судеа независно. Оваа година Давид Крстески има загубено само една борба во полуфинале на Европското првенство во Копер, Словенија, додека на сите останати натпревари е неприкосновен во својата категорија. Истотака Христијана Парулеска херојски влезе во повозрасна категорија 16-17 години, иако нејзината категорија е 14-15 години, но со желба да се спреми за наредното Европско првенство, оваа година натпреварува на сите натпревари во повозрасна категорија. Во првата борба Христијана ја победи доминантно домашната претставничка ,која е истотака Европка медалистка, за на патот до среброто имаше уште две борби со претставнички од Грција, кои после нерешени резултати на златен поен ги декласира влегувајќи во полуфинале, каде таму ја пречека Словенската репрезентативка и актуелна шампионка во таа категорија, и очекувано Христијана во тесна борба ја загуби битката за злато.
Миа Танеска која е една од нашите помлади натпреварувачки, докажа дека е апсолутен шампион во нејзината категорија, повторно искачувајќи се највисоко на пиедсталот , осовјувајќи златен медал, со што оваа година Миа е без пораз во нејзина категорија.
Божидар Димитриевиќ кој е на обука во Скопје , и многу малку има време за припреми заедно со другите репрезентативци, но сепак со огромна желба за успех , го освои сребрениот медал , победувајќи двајца натпреварувачи од Украина, додека во финале во тесна борба до самиот крај загуби од домашниот натпреварувач.
Сакам да ги пофалам и другите натпреварувачи кои дадоа се до себе, Владимир Димитриевиќ, кој првата борба ја заврши мајсторски додека во другата беше поразен од страна на судиите, а истата судбина ја имаа и Марио Крстески и Климент Богоески, додека, Давид Ристески, Филип Митрески и Јохан Парулески, покажаа одлични борби но загубија во првиот круг.
Како за крај сакаме да изразиме најголема благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Министерство за спорт, Општина Охрид ЈП Градски пазар, кои ни помогнаа да учествуваме на овај престижен Европски Куп., изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски
Освојувачи на медали се
Давид Крстески 1 место, злато борби младин ци У-18 години -63 кг.
Миа Танеска 1 место, злато борби девојчиња 10-11 години +55 кг.
Христијана Парулеска 2 место , сребро борби младинки У-18 години -58 кг
Божидар Димитриевиќ 2 место , сребро борби сениори 18-34 години -92 кг

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...