7.9 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаЗа прв пат по 76 години Македонците во Мегленско гледаа претстава на...

За прв пат по 76 години Македонците во Мегленско гледаа претстава на македонски јазик

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За прв пат по 76 години Македонците во Мегленско во живо гледаа претстава на македонски јазик.
За последен пат Македонците во Грција имале можност да следат претстава на македонски јазик во далечната 1948 година за време на граѓанската војна во оваа земја кога овој дел од земјата беше под владение на Демократската армија на Грција.

<

Десетици илјади Македонци се бореа во граѓанската војна во Грција во периодот од 1946 до 1949 кога тие на ослободените територии ја организираа власта и приредувале и културни настани на македонски јазик.

Како што се гледа од видеото на Егејски Глас претставата се одржува во исполнета сала на Дом на Култура во Мегленско.

Претставата се одржува на локален македонски мегленски дијалект од локални Македонци.

Меглен (Мегленско, Мегленија; грчки: Αλμωπία, поточно: Δήμος Αλμωπίας) — етно-географска област, општина и котлина во северниот дел на Егејска Македонија, денес во составот на Грција, која на север се граничи со Македонија.

Областа Мегленско е во провинцијата Централна Македонија.

Се наоѓа во округот Постол а седиште на оваа област која има околу 25 илјади луѓе во 44 население места е селото С’ботско каде. И црквата Света Злата Мегленска е активен свештеникот Никодим Царкњас кој се бори за признавање на правата на Македонците во Грција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...

Стојанче Стефанов е 62-тата жртва од пожарот во Кочани.

Согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 1998 година. Станува збор за...

Дискотеката „Пулс“ ја зема 62 жртва- Почина 24 годишно момче.

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани,...