27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаДУИ постави шатори пред Уставен суд

ДУИ постави шатори пред Уставен суд

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

како што рече, на софистициран начин прави обид да го промени карактерот на државата, од мултиетничка да стане моноетничка држава.

<

-Сѐ што ветила ВМРО-ДПМНЕ досега се реализира преку Уставниот суд како што беше укинувањето за изразување на етничка припадност што се случи на почетокот од октомври. На софистициран начин се прави обид да се смени карактерот на државата од мултиетнички во моноетнички карактер. Сега сме пред друга одлука на Уставниот суд, а и со првата и со втората одлука која што се најавува од премиерот и останатите претставници од владеачкото мнозинство, ние сме убедени дека ќе биде неуставна, а со такви одлуки се врши упад врз уставниот поредок врз земјата, врз Уставот и Охридскиот рамковен договор, нагласи Адеми.

Прашан дали „стражата на јазикот“ значи подготовка за дестабилизација на државата, имајќи ги во предвид предупредувањата кои деновиве преку соопштенија ги испраќа ДУИ до европската заедница, Адеми рече „ние воопшто не сме за дестабилизација на државата, ние сме тука на мировна стража“.

-Ние воопшто не сме за дестабилизација на државата, ние сме тука на мировен собир, мировна стража за да се подигне колективната свест кај ова владино мнозинство дека со заробени институции преку наредби и најави за одлуки на Уставен суд, замислете, се најавува повеќе од месец дена и јасно е кој е планот на владеачкото мнозинство преку Уставниот суд, кој прераснува во параполитичка институција која има за цел целосно реализирање на програмата на Владата, подвлече Адеми.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека со коалицискиот партнер Вреди разговараат за Законот за употреба на јазиците, кој в среда, 11 декември, е на дневен ред на разгледување од Уставниот суд, но порача дека никој не треба да интервенира кај Судот за оваа „тековна постапка“.

Рече дека „во среда нема ништо да се случи“, затоа што пред „какво било акција“ на Уставниот суд претходат подготвителни седници.

Според него, целта на ДУИ е поделба по етничка основа и дека такви обиди ќе има и во иднина од таа политичка партија.

-Затоа што принципот „како до сега“ заврши на 8 мај и тој принцип е поразен. Но, се уште покажува знаци на живот и гледаме дека единствената тема со која Демократската унија за интеграција е присутна во јавност е да направат одредена поделба по етничка основа, ги третираат само етничките прашања, затоа што на друг начин не можат да привлечат внимание, ниту да наметнат тема, ниту да привлечат луѓе коишто ќе ги поддржуваат. Бидејќи се обидоа со „зелената агенда“, видовте како завршија, и се вратија сега во опозиција на единствената тема којашто за нив можеби носи некаков резултат, рече Мицкоски на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...