-3.1 C
Ohrid
понеделник, април 7, 2025
ПочетнаМакедонијаУставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Напротив, во рефератот, до кој „360 степени“ доби увид, се аргументира дека законот има своја уставна основа и е втемелен во амандманот V од Уставот на Република Северна Македонија.

<

Иако целината на законот не е предмет на сомневање, во рефератот се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на неколку општи формулации и две конкретни одредби: симболите на парите и водењето на судските постапки. Овие одредби беа истакнати и во мислењето на Венецијанската комисија од 2019 година како потенцијално проблематични.

Рефератот наведува дека „содржината на оспорениот Закон за употреба на јазиците ја има својата уставна основа“ и дека нема основа за поведување постапка за негово суспендирање или носење времена мерка која би го запрела спроведувањето на законот.
Уставниот суд, пак, во официјален став, вели „во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност. Уставниот суд апелира на воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на самата постапката особено во период пред Судот да расправа и да одлучува по предметот“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Венко Филипче победник на внатре партиските избори, никој не гласал против иако имало 139 неважечки ливчиња.!!!

Филипче со 18.001 глас официјално избран за претседател на СДСМ, немало никој против, а има 139 неважечки ливчиња Венко Филипче официјално е избран за претседател...

Максим Димитриевски можен кандидат за министер за одбрана

Во пресрет на локалните избори, интензивно се водат преговори помеѓу коалициските партнери од владата, како и меѓу ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ, дознава ТВ21 од...

Траги-комедија: Луѓе туркаат камион на Македонија пат заглавен поради снегот кај Буково

Камион на Македонија пат предизвика застој кај Буково, јавуваат граѓани кои се нашле на местото. Снежните наноси предизвикаа застои на повеќе патни правци низ Македонија,...

Иако е месец Април поради интензивните врнежи од снег во пределот на Горна Дебрца , Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунални дејности „Дебрца“...

Соопштение Иако е месец Април поради интензивните врнежи од снег во пределот на Горна Дебрца , Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунални дејности „Дебрца“...