0.7 C
Ohrid
четврток, јануари 16, 2025
ПочетнаМакедонијаКонечно правдата се појави: Диџејот Љупчо кој загина на забава во Радишани...

Конечно правдата се појави: Диџејот Љупчо кој загина на забава во Радишани не починал од срцев удар!

spot_img

Младиот ди-џеј Љупчо Лешко загинал од насилна смрт додека пуштал музика на приватна забава во скопско Радишани. Ова е конечниот став на Судска медицина по скоро пет месеци откако ја започнаа обдукцијата, објави sjopje1.mk

Со ова, се потврди тврдењето на родителите дека нивниот син не починал од срцев удар како што, им тврдел вработен инспектор од МВР. Иако е утврдена причината за смртта, и натаму, не е утврдено од што е предизвикана и што било неисправно. Нема осомничени, ниту лица кои биле во притвор.
Родителите, Раде и Кети Лешко, го вперија прстот во сопствениците на приватниот објект. Обвинителката Тања Трајчевска наредила нови вештачења.

Обезбедени се сите апарати кои биле поставени за пуштање на музика. Испитани се сведоци заради разјаснување. На сите прашања е дадена наредба за електро-техничко вештачење пред една недела. Дадена е наредбата за вештачењето да биде завршено во рок од 30 дена“, кажа обвинителката Трајчевска на брифинг со новинарите.

На забелешката од „Скопје1“ зошто требало да поминат пет месеци за да се даде наредба за ново вештачење дури сега, кога за пет месеци може да се смени цела инсталација во објектот – таа одговори: „ Кога се случи настанот имаше електро-инженер присутен, беше направен увид, и вештото лице сега ќе има во предвид се од настанот, сликани се таблите. Нема да има проблеми. Мислам дека ќе има соодветно електро-техничко вештачење“, додаде обвинителката.

Болката на семејството Лешко е уште поголема. Неговата сестра, Стефанија Лешко, ги прашува институциите што планираат понатаму, бидејќи се сигурни дека постојат доволно докази за да се покрене кривична постапка против газдите на објектот.

Денес,по нецели 5 месеци добивме извештај од судска медицина во кој сомнежите на мене и моето семејство се потврдија. Причината за смрт на мојот брат е струен удар.Покрај сите докази и изјави би сакала јавно да ги прашам институциите “понатаму што?”. Уверени сме и сигурни дека не е несреќен случај и мислиме дека ЈО има доволно докази за да поведе кривична постапка против сопствениците на објектот.
Исто така,сакам да упатам апел до јавноста,особено до родителите дека во Скопје и цела Македонија има премногу објекти кои работат без дозвола за вршење на таква дејност,со кои државата и инспекторатите би требало да се позанимаваат најмногу поради постоење на голем ризик од вакви случаи со смртен исход“, вели Стефанија Лешко за „Скопје1“.

Во поткастот „Претрес“, родителите на Љупчо, отворено зборуваа за сѐ што се случило кобната ноќ. Сметаат дека постојат пропусти при увидот, но имаат и сомневање дека не се преземени сите мерки за да се утврди точната причина, па потенцираа дека објектот никогаш не бил запечатен. Тие посочија дека дури им била вратена миксетата од која Љупчо пуштал музика, па ја донесоа во студио. Иако тоа е возможно, останува отворено прашањето, зошто миксетата им била вратена од МВР, кога, истата е дел од доказен материјл, кој подоцна, може да биде предмет и на ново вештачење.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...