6.3 C
Ohrid
вторник, декември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаОд затвор командувале со бандата Барон/Беланоца – детали за акцијата против озлогласената...

Од затвор командувале со бандата Барон/Беланоца – детали за акцијата против озлогласената криминална група на која и служеле и полицајци

spot_img

Организирале и вршеле убиства, а главниот бос им бил во затвор и од таму ги командувал операциите на групата Беланоца/Барон, соопштија полицијата и обвинителството кои покренаа истраги за 18 лица, членови на озлогласената скопска банда.

За лидер е посочен Фатљум Ајети – Тоте кој издржува затворска казна. Уште двајца се во притвор, а меѓу припадниците на групата има и починати и убиени во престрелките со нивните улични непријатели од бандата Грчец/Дуќанџик чиј шеф е избеган во Дубаи.

Во акцијата четворица се уапсени, еден сам си дошол во полициска станица, а останатите се недостапни. Некои дури избегале за време на акцијата што упатува дека имале добри и ефикасни кртови во полициските редови.
И шефот на групата Ајети и неговите главни помошници, Гани Туша и Зулќуфли Нуредини- Мали Репки, операциите ги воделе од затворска келија, а меѓу другото организирале изнуди и палеле автомобили на затворски чувари. Туши веќе е обвинет за убиството на Орхан Бајрами-Оки кое се одигра во Ханиоти, во Грција лани во јули.

Но, групата сега е осомничена за организација на многу повеќе убиства за кои извршителите ги плаќале со десетици илјадници евра. Едно од нив е и злосторството во Шиша бар.
Јавува Тв Телма
Организаторите на криминалната група подготвувале планови и носеле одлуки кој, каде, кога и на каков начин ќе биде ликвидиран. Притоа, одлуките ги спроведувале лично или преку други припадници на групата плаќајќи од 10.000 до 250.000 евра за убиство. Па така, во име на поддршка на радикалното движење во РСМ или заради безобзирна одмазда кон лица од спротивставена криминална група во периодот од 2020 до 2024 година во шест кривично правни настани лишиле од живот осум лица, три лица биле тешко повредени, а на три лица животот им бил во опасност, соопштија од ОЈО ГОКК.

Во акцијата се најдени оружје,муниција, злато, накит, техника но и како што наведе Тошковски околу 30 милиони денари во кеш во разни валути односно околу половина милион евра. Акцијата продолжува, а за првпат по подолго време е вклучена и армијата која е ангажирана со багери за да прекопува низ Арачиново во потрага по посебно направени бункери за криење на пари и оружје.

Миомир Серафиновиќ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Обвинителството побара притвор за Груби и Бајрами

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за поранешен генерален директор...

Криминалецот кој се качи на дрво високо 15 метра бегаќи од полицијата, бил лице со психички проблеми, претходно тропал на врати и вознемирувал станари

Полицијата попладнево сподели детали за настанот, кога криминалец за да спаси од полициска потера, се качи на дрво во скопско Дебар Маало. Министерството за внатрешни...

Седуммесечно бебе синоќа починало на скопската Детска клиника

Според нашите информации, бебето првиот пат кога било однесено на клиниката било одбиено за хоспитализација, а било примено тек после 48 часа кога органите...

Груби преку социјалните мрежи појасни дека е Косово во приватна посета

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби се огласи преку објава на социјалните мрежи појаснувајќи дека е во приватна посета во Косово, откако се прошири информација...