1.9 C
Ohrid
сабота, јануари 4, 2025
ПочетнаМакедонијаТројца македонски доктори од европа размислуваат да се вратат во земјава

Тројца македонски доктори од европа размислуваат да се вратат во земјава

spot_img

Прашан колкава оценка

Секаде во регионот се проблем човечките ресурси, посебно во здравството, таква е состојата и во Словенија, Хрватска кои бараат лекари, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на средба со медиумите. На новинарска реакција дека од Здруженијата на матични лекари рекоа оти за една деценија 400 лекари се пензионирале, дека никој млад доктор не сака да биде матичен лекар, министерот рече дека како Влада може да ги подобрат условите и платите, дека ќе има колективен договор, во април ќе се зголемат и бодовите за матичните лекари, дека ќе се вработат 600 специјализанти.

„Тие што се решени да одат од државата, за жал, не може да ги задржиме со сила. Даваме подобри услови. Во последните два месеца мене ме посетија тројца доктори кои работат во различни европски држави коишто се заинтересирани да се вратат во државата. Можеби бројката е симболична, тројца, но за нас тоа е мошне мотивирачки. Сериозно како Влада и Министерство за здравство да размислиме да ги отвориме вратите, барем оние што се поблиски, од Хрватска или Словенија и од другите европски држави, ако имаат тригодишно работно искуство да им бидат отворени вратите во сопствената држава и да ги интегрираме во нашиот здравствен систем“, рече Таравари.

За мораториумот на специјализациите, кој го најави уште првиот ден на оваа функција, Таравари рече дека првпат после многу години се случува Министерството да седне на маса со деканите на трите Медицински факултети и да им укаже дека и приватните и државните специјализации ќе бидат под контрола на Министерството.

„Објавата за специјализации малку доцни, но тоа е така бидејќи размислуваме на мотивирачки елементи во конкурсот за да се пријават нови патолози на пример, бидејќи во цела држава има 15-20. Има 150 кардиолози или пластични хирурзи. Конкурсот треба да се објави до крајот на јануари, а приватните веќе се објавени по наши препораки. Како еден млад доктор да се мотивира да биде патолог, ете дајте ни време како да го направиме тоа?“, рече министерот.

Прашан колкава оценка би му дал на здравствениот систем на скала од 5 до 10, рече би му дал оценка 8.

„Даваме максимум, посебно последните шест месеци, за да се поправи што подобро. Иако хотелиерските услуги можеби не се најдобри во јавното здравство, но услугите што ги добиваат граѓаните и медицинскиот персонал се квалитетни“, рече министерот.

Б. НЕСТОРОСКА сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Куче седи пред куќата на убиените момчиња во Цетиње и ги чека да се вратат.

Бројни медиуми ја објавија тажната глетка што денеска ја затекнаа жителите на Цетиње. Имено, кучето седеше пред куќата на момчињата убиени во масакрот во...

ОО СДСМ Дебрца доби нов претседател

Со одлука на лидерот на СДСМ Венко Филипче, за претседател на Општинската организација на партијата во Дебрца, назначен е Љупчо Паункоски. Љупчо Паункоски е сегашен...

Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ и ќе завршеше многу порано да не беа блокадите од ВМРО-ДПМНЕ, вели Бочварски

За жал, само за свои политички цели пратениците од тогаш опозициската ДПМНЕ го кочеа овој проект како опозиција. Во Комисијата за финансирање и буџет...

Дедо Стефан ја запеа „Ако одам во Битола“ (ВИДЕО)

Драги мои, со оваа видео би сакал да ви ја честитам Новата година. Бог да ни подари здравје, среќа и благодет. Огромна е честа...