12 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаЗеќири ја отслужи затворската казна но милионот не го врати !!

Зеќири ја отслужи затворската казна но милионот не го врати !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

затворска казна од 2,5 години беше осуден поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој според пресудата, требаше да врати и над еден милион евра во државниот буџет, а сега, по отслужувањето на казната, тој за првпат се огласи на социјалните мрежи.

<

Зеќири упати порака дека е потребно само трпение, и се ќе си дојде на вистинското место во перфектно време.
Покрај пораката, тој објави и фотографија на која насмеани позираат со неговата сопруга Бисера.

Ова е негово прво јавно огласување, откако во април 2022 година на социјалните мрежи објави отворено писмо до поранешниот премиер Димитар Ковачевски, во кое информираше дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија.

Тој тогаш порача дека верува во институциите на системот, во правичноста и правдата, и дека е уверен како вистината ќе излезе на виделина и ќе ја докаже својата невиност.

Како потсетување, тоа се случи откако беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување поради договорот со фирмата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за потенцијална приватизација на „Пошта“ и Железници транспорт.

Според обвинението, тој направил штета од над 57 милиони денари на државниот буџет.

Беше осуден на 2,5 години затворска казна, но исто така, беше пресудено и дека треба да врати над еден милион евра во државниот буџет.

По објавувањето на пресудата, Зеќири изјави дека не била докажана негова умисла во склучувањето на договорите, најави жалба.

На крајот на 2023 година пак, неговата сопруга Бисера објави дека имале пеколна година. Таа се бореше со тешка дијагноза, рак на дојка, а Мухамед во завршните зборови во кривичната постапка против него, во ноември 2023 година кажа дека минуваат низ тежок период поради болеста на сопругата, но и поради тоа што немал можност да заработи приходи и да се грижи и да им помага на четири деца, три негови и едно од претходниот брак на сопругата.

Официјално, нема детали околу тоа дали поранешниот генерален секретар ги вратил средствата во буџетот и дали се жалел на пресудата, но според неговите последни објави, лошиот период е зад него и неговото семејство.

Вики Клинчарова Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...

Стојанче Стефанов е 62-тата жртва од пожарот во Кочани.

Согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 1998 година. Станува збор за...

Дискотеката „Пулс“ ја зема 62 жртва- Почина 24 годишно момче.

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани,...