9.9 C
Ohrid
понеделник, јануари 27, 2025
ПочетнаМакедонијаПритвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

spot_img

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола извршен е претрес на дом и помошни простории на полицискиот службеник Б.Б. во Битола, поради основи на сомнение за сторено кривично дело “оддавање службена тајна”, по член 360 од КЗ. При претресот пронајдени се пиштол, револвер, две рамки за пиштол, 321 парчиња разновидна муниција, над 20.000 евра и службена документација, односно оперативни извештаи кои во себе содржат класифицирани информации, меѓу другото и за граничното работење, анализи на рутите за мигранти итн.
Од страна на ОВККИПС во координација со ОКП-СЕКК и СВР Битола поднесена е кривична пријава по член 396 ст.1 од КЗ до ОЈО – Битола пртив Б.Б. по брза постапка и од страна на надлежен судија му е изречена мерка притвор во траење од 30 денови.
Во однос на кривичното дело по член 360 од КЗ, извршен е увид во службена просторија на Регионален центар за гранични рабпти Југ лоцирана во кругот на СВР Битола, при што е одземен еден десктоп компјутер за понатамошна постапка.
По извршениот увид во службената просторија и предметниот компјутер, извршен е разговор со полицискиот службеник Љ.К., кој во службениот разговор појаснил дека тој со неговата службена шифра во системот за контрола на патници и возила извршил проверки за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, по чии насоки полицискиот службеник Љ.К. е лишен од слобода и задржан во ПС Битола.
Исто така на 25.01.2025 од страна на полициски службеници од ОВККИПС во координација со ОКП- СЕКК и СВР Битола, по наредба издадена од Основен суд -Битола, извршен е претрес на дом кај Љ.К.. При спроведениот претрес пронајдени и одземени се два преносни уреди – усб и еден мобилен телефон.
Во координација со ОЈО-ГОКК се преземаат дополнителни мерки и активности со цел расчистување на кривично-правниот настан.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

65-годишник украл скутер во Тетово

На 25.01.2025 во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.И.(65) од с.Копачин Дол, тетовско, поради сомнение за...

Градоначалникот Пецаков со искрени честитки по повод празникот Свети Сава

Почитувани припадници на српската заедница, во мое лично име и во името на Општина Охрид ви упатувам искрени честитки по повод празникот Свети Сава,...

Девојче и момче од Гостивар паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Ноќеска 55 минути после полноќ во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар....

Почина човекот кој од љубовницата беше полиен со киселина врз гениталиите

Жителот на Неготино, република Србија кој од љубовницата беше полиен со киселина врз гениталиите почина. Од болницата во Ниш соопштија дека неговата здравствена состојба вчера...