11.9 C
Ohrid
четврток, јануари 30, 2025
ПочетнаМакедонијаАнтикорупциска го казни Џафери- Сега треба да плати смешна глоба...

Антикорупциска го казни Џафери- Сега треба да плати смешна глоба…

spot_img

Левица преку соопштение информираше дека поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери е казнет од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако било утврдено дека незаконски извршувал две неспоиви функции истовремено.

<

„Постапката против Џафери беше поведена по иницијатива на Левица, која уште во јуни 2024 година поднесе претставка до ДКСК за судир на интереси поради неспоивост на функции, бидејќи Џафери истовремено беше претседател на Владата и пратеник во Собранието. Иако Левица инсистираше на итно отстранување и санкционирање на ова флагрантно прекршување на низа законски и уставни одредби, како и начелото за поделба на власта – Антикорупциската комисија реагираше дури по неколку месеци, откако фактичката состојба веќе беше изменета, и изрече, за жал, смешна глоба“, велат од Левица.

Од Левица посочуваат дека апелирале и до собранискиот спикер Африм Гаши да констатира престанок на мандатот на Џафери, но тој одбил и од тие причини Левица му поднела кривична пријава за несовесно работење во службата,
Ова не е прв пат Џафери да биде санкциониран по иницијатива на Левица. Тој исто така беше казнет од Антикорупциската комисија и откако Левица поднесе претставка за неговото истовремено вршење на неспоиви функции: претседател на Собранието и член на претседателството на ДУИ. Левица останува единствениот непокорен бастион против криминалните власти и политичката мафија! Против Џафери имаме поднесено бројни претставки, кривични пријави, иницијативи пред Уставниот суд и Интерпелација во текот на минатиот мандат“, се додава во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Младата дизајнерка Фросина е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“

Познат е идентитетот на загинатата девојка на „Партизанска“. Станува збор за 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино која беше студентка на Интернационалниот институт за мода...

Притвор од 8 дена доби хирургот од Битола кој зема мито од 150 евра!

Притвор од 8 дена доби хиругот М. С. (64) кој беше успасен поради примање мито од 150 евра во битолската Клиничка болница , потврди...

Тинекс ги разбира потребите на македонските купувачи: Во Февруари ќе понуди големо намалување..

Тинекс ги разбира потребите на македонските купувачи и ја започнува кампањата „Твој избор, твоја заштеда“, во рамки на која веќе од 31 jануари и...

Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал

На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој...