Минатата година Јованов е обвинет за две кривични дела, неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
ОЈО Скопје поднело обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Основниот кривичен суд Скопје донесеол пресуда со која на обвинетиот му изрекол – заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник.
Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укинал притворската мерка за обезбедување.
Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложил жалба и предметот е во жалбена постапка, па така се до овој немил настан наместо во притвор, младиот Васил си се шетал слободно и лумпувал по скопските кафани.
Фото: Радио Лидер