29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев за Фросина: Немој да се чудите кога во блиска иднина некој...

Апасиев за Фросина: Немој да се чудите кога во блиска иднина некој родител ќе ја земе правдата во свои раце.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку Фејсбук статус жестоко го критикуваше Кривичниот суд, обвинувајќи го дека создава култура на неказнивост.

<

„Кривичниот суд се брани дека сообраќајќите биле општествен проблем. Во ред. Се согласувам, колеги. Но, нели ние ги учиме студентите по право дека вашата судиска улога е, преку соодветно одмерување на санкциите и казнената политика, да направите генерална превенција ако воочите таков “општествен проблем.
А што правите вие, драги судии? Со години ги олабавувате критериумите до непрепознатливост и под влијание, врски, мито… судите преблаги казни под законскиот минимум, дури и во случаи со смртни последици кои не биле баш “несреќни случаи” (туку резултат на дрога, алкохол и аздисаност).

И затоа, баш во вакви случаи, секој јуснатуралист ја сфаќа длабоката суштина на древното талионско начело(“Око за око, заб за заб”). Оти, ако Државата преку „imperium-от“ кој им го дала на судиите, не ги штити нашите животи, тогаш ние живееме во преддржавна состојба! А во таквата состојба на џунгла, немојте да се чудите, кога во блиска иднина некој родител на кој некоја дрогирана битанга му прегазила дете на пешачки, ќе ја земе правдата во свои раце и сам ќе му пресуди на убиецот кој има протекции и секаде поминувал неказнето, оти е “наше дете” заштитено од некој буџовански властелин.

Ете, гледате ли до што не’ доведовте, драги наши корумпирани расипани обвинители и валкани пандури. Да живееме во дивјачка средина – без право, морал и закони. Јаз’к да ви се тогите што ги носите (со чест на ретките исклучоци)”, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...