4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколовски: Во Скопје, Охрид и Битола ќе градиме 4 згради со цел...

Николовски: Во Скопје, Охрид и Битола ќе градиме 4 згради со цел да ја симнеме цената за M2.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Скопје ќе се градат 4 комерцијални згради, во Охрид и Штип по една. Во Битола од понеделник започнуваме со продажба на државни комерцијални станови по 1000 евра за метар квадратен. Се обидуваме силно да интервенираме на цената на пазарот на недвижности, истакна вицепремиерот Александар Николоски. Тој потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обидува да интервенира преку изградба на комерцијални станови. – Моментално цената на комерцијални станови во неколку градови галопира, во Битола направивме интервенција и од понеделник почнуваме со продажба на станови по 1000 евра за метар квадратен за стан, по 500 евра метар квадратен за гаража што е далеку пониска цена отколку што сега е во Битола. Во Скопје ќе почнеме 4 згради да работиме, во Охрид имаме активен повик за една, во Штип бараме локација, така што во овие четири места каде цената најмногу галопира, ќе се обидеме со наша интервенција цените на пазарот да ги намалиме. Сегашните цени на ниеден начин не одговараат на нашиот стандард, младите брачни двојки едноставно нашиот стандард, младите брачни двојки едноставно не можат сопствен дом да најдат, а по цена од 2500- 3000 евра за квадрат никој не може со овој стандард да купи стан. Дополнително работиме на 5 социјални згради низ државата-истакна вицепремиерот Николоски

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...