14.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаСредношколки прегазени од мотоцикл во Скопје

Средношколки прегазени од мотоцикл во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Две средношколки биле прегазени од мотоцикл додека оделе кон училиште минатиот вторник, сведочи семејството на едно од девојчињата за „Скопје1“. Тие посочуваат дека мотоциклот свесно не закочил, а не им укажал ниту помош. Според сведочењето на девојчињата, помош им укажале лица кои се движеле со камионче. За кратко, лицето со мотоциклот се вратило, па и кажало на прегазените дека можат да се договорат, да не помислуваат да викнат полиција. Девојчињата со Брза помош биле однесени во болница. Настанот се случил кај Цементара во правец кон средното училиште „Марија Кири Склодовска“.

<

Ирена Стојчевска, мајка на една од средношколките раскажа што се случило и на што се сомневаат.

„Тој што го возел моторот и бил позади нив свесно не закочил и удрил во нив по што не им укажал помош и си продолжил.Девојчето е со огромни болки модрици и рани, контузии користејќи цело време Бруфени за да се ублажат болките. Полицијата ги пронашла двете момчиња и ги идентификувала. Интересно е дека патеката која има сообраќаен знак за велосипеди во поголем дел е единствена патека. Над неа има патека за пешаци која по стотина метри завршува како влез во зграда, а долу на патот останува една заедничка тесна патека која е и единствен тротоар и патека за велосипед. При што од полицијата е укажано дека смее да се движат мотори од 50 кубика, а тоа е единствен тротоар на кој што може да се движат и пешаци“, вели Ирена Стојчевска, мајка на едно од девојчињата.

„Скопје1“ побара став и од МВР, од каде велат дека направиле увид на местото и составиле записник.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...