21.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаКасами: Не само грбот туку и химната треба да се менува, а...

Касами: Не само грбот туку и химната треба да се менува, а албанскиот јазик треба да влезе во Уставот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, денеска изјави дека поддржува секакви промени на Уставот, кои, како што вели, предвидуваат менување на државните симболи поврзани со минатиот општествено-политички систем.

<

Според него, со овие уставни промени би се покажала сегашната реалност на државата.

Ние сме подготвени да разговараме за еден пакет на уставни измени, каде што наместо наследството од претходниот систем ќе се рефлектира сегашното ориентирање на државата кон Европската Унија. Ние сме подготвени да разговараме за предлог-пакет каде што секако ќе се разгледува амблемот (државниот грб), прашањето за химната, но и прашањето за други уставни измени поврзани со унапредувањето на правата на Албанците или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во Уставот, како јазик што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“, изјави Касами.

Враќањето на промената на државниот грб во јавниот и политичкиот дискурс, Касами ја поврзува со неговата иницијатива за промена на имињата на улици во Тетово, што, според него, се наследство од минатиот систем.

„Јас впрочем во еден претходен мој јавен настап сум кажал дека и една од целите за именување на улиците во градот Тетово беше тоа што уште стои наследството од минатиот систем, што е и образложението на премиерот во делот на менување на грбот на државата“ – изјави тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...