13.9 C
Ohrid
сабота, април 26, 2025
ПочетнаМакедонијаШтипјани го вратија споменикот на Александар Македонски на градскиот плоштад.

Штипјани го вратија споменикот на Александар Македонски на градскиот плоштад.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Споменикот на Александар Македонски во Штип по вторпат е дислоциран. Откако во 2006 беше поставен пред Плоштадот Слобода, неколку години подоцна без посебно објаснување беше преместен дваесетина метри понастрана од главниот штипски плоштад, а во 2020 беше вандализиран.

<

Во тоа време по Преспанскот договор од 2018 со кој се реши 30-годишниот спор за името со Грција, кога во цела држава се брусеа шахтите со ѕвездата од Кутлеш поставени во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски и се бришеа спомен-плочите со античките симболи, таблата поставена пред постаментот што објаснуваше на кого е посветен овој споменик беше целосно полиена со црна боја.

Со градежните работи изминатиот викенд, споменикот на Александар Македонски во Штип беше вратен на старото место пред Плоштадот Слобода, само на друг постамент.

Автор на споменикот, на кој со големи букви пишува „Александар Трети Македонски“ е вајарот Никола Смилков, а донатор е семејството на штипскиот бизнисмен Славе Ивановски.

Т. ЈОВАНОВСКИ Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ни се закануваа дека ќе не апсат-Шокантно сведоштво на родителите на загинатитите во Кочани

Си слушнавме муабет и закани дека ние, родителите на малолетните деца ќе одговараме, вели мајка на загинато дете во трагедијата во Кочани. Додека една од...

50 годишна Стружанка го натепала 80 годишниот татко !!!

На 25.04.2025 во 21.20 часот во струшко, полициски службеници од ОВР Струга ја лишија од слобода 3.М. (50), постапувајќи по претходна пријава дека во...

38 годишен охриѓанец пријавил во МВР дека неговата 26 годишна сопруга се одалечила од домот.

На 25.04.2025 во 20.50 часот во СВР Охрид, М.К. (38) од Охрид пријави дека од домот се оддалечила неговата сопруга М.К. (26). Се преземаат...

Невена Нешкоска заедно со нејзиниот брат Наум и сестрата Калина ќе бидат дел од една од најновите епизоди на „The Simpsons“, наречена „Abe League...

Невена Нешкоска заедно со нејзиниот брат Наум и сестрата Калина ќе бидат дел од една од најновите епизоди на „The Simpsons“, наречена „Abe League...