29.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица со предлог за намалување на патарините за 50%

Левица со предлог за намалување на патарините за 50%

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ денес на прес-конференција соопшти дека пратеничката група на Левица поднела предлог за измена и дополнување на Законот за јавните патишта со цел намалување на патарините за 50% и сведување на оваа тема на законска материја:
Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. Дупки, свлечишта, незавршени делници и криминални тендери.

<

Само во 2023 година државата наплатила 62 милиони евра од патарини, со што Македонија е меѓу земјите со најскапи патарини во регионот и на континентот.
Со просечна цела од приближно 2,6 денари од изминат километар, со патничко возило од Б – категорија.
За илустрација, еден штипјанец доколку работи во Скопје на годишно ниво плаќа 1.200 евра додека кај еден Австриец на годишно ниво плаќа 100 евра за користење на сите автопатишта во неговата држава” – истакна пратеникот Мециновиќ.

„Затоа, Левица поднесува изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, со што предвидуваме две клучни измени:
Првата измена е патарините да се намалат за 50% – со овој Закон, износот што го плаќа народот за користење на патиштата ќе биде намален за половина, за сите категории на возила и

– Втората клучна измена е тоа што висината на патарината и нивната наплата, за првпат ќе бидат регулирани со Закон, наместо со Правилник на Владата, затоа што сега, оваа материја се регулира со Правилник на Владата, а не со Закон” – појасни пратеникот од Левица.

Сметаме дека ова ќе воведе транспарентност во носењето на одлуките поврзани со патарините, затоа што досега власта можеше кога ќе посака да ги зголемува патарините без никаква контрола.
Зошто е ова важно? Додека Министерствата се преполни со криминални шеми на делење на милионски тендери, народот е оставен да плаќа за нивните глупости.

Го повикуваме Собранието веднаш да го усвои овој Закон, а за јавноста посочуваме дека од позиција на одлучување, Левица би вовела вињета систем за нашите патарини” – заклучи Мециновиќ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...