17.8 C
Ohrid
петок, септември 5, 2025
ПочетнаМакедонијаОдличен старт на натпреварувачката 2025 година за М.Т.Т.Ф

Одличен старт на натпреварувачката 2025 година за М.Т.Т.Ф

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одличен старт на натпреварувачката 2025 година за М.Т.Т.Ф

<

На 22.02 2025 година, Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф.) ја започна натпреварувачката година со учество на Меѓународниот натпревар “Тирана Опен 2025” во соседна Албанија. Оваа година, нашите натпреварувачи постигнаа извонредни резултати, освојувајќи вкупно 17 златни, 5 сребрени и 13 бронзени медали, како и 5 пехари за најдобри поединци. Едно од најзначајните достигнувања е и освојувањето на пехарот за второ место во екипна конкуренција.

Македонската екипа составена од 19 натпреварувачи, 2судии, 2 тренери и 3 официјални лица, учествуваше заедно со 18 клубови од 6 европски земји: Шведска, Грција, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија. Конкуренцијата беше жестока, но нашите натпреварувачи, кои натпреваруваа во двете дисциплини – форми и борби, уште еднаш покажаа зошто сме горди на нив.
Одлични резултати постигнаа следниве клубови:
– **ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид**: 6 златни, 3 сребрени, 2 бронзени и 2 пехари за поединци.
– **ТК “МАСТЕР” Охрид**: 2 златни и 4 бронзени медали.
– **ТК “ЧОНЏИ” Косел Охрид**: 3 златни, 1 сребрен и пехар за најдобар поединец (кадет).
– **ТК “СОНКАЛ” Мислешево Струга**: 5 златни, 1 сребрен, 4 бронзени медали и пехар за најдобар поединец (јуниор).
– **ТК “АХИЛИУС” Скопје**: 3 златни, 1 сребрен, 2 бронзени медали и пехар за најдобар поединец (јуниорка).
Честитки за организаторите на “Тирана Опен” за одличната организација и квалитетниот натпревар, кој беше повеќе од потребен по краткиот период од претходниот натпревар. Искрената благодарност ја упатуваме до нашиот генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Министерството за спорт и Општината Охрид. Ве известуваме дека Државното првенство во Таеквон-до ИТФ ќе се одржи на 15 март во мала сала С.Р.Ц. Билјанини извори, организирано од клубот “МАСТЕР” од Охрид, кој е првиот отворен клуб во Македонија. Право на учество имаат сите членови на М.Т.Т.Ф.По државното првенство, продолжуваме со подготовки за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија од 28.04 до 04.05.2025 година, изјави Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф. Честитки на сите наши натпреварувачи и многу успех во идните натпревари!

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Погледнете како Колумбиецот Јанко ги ремети Грците. (Видео)

Колумбиецот Јанко ги збунува Грците на Ome TV На социјалните мрежи големо внимание предизвикува настапот на Колумбиецот Јанко, кој преку Ome TV успеа да ги...

Самка Ибраимоски е кандидат за градоначалник на Тетово

Поранешниот заменик министер и пратеник, Самка Ибраимоски, е кандидат за градоначалник на Тетово од коалицијата на неговата партија заедно со ГРОМ и останати политички...

Шефот на полицијата во Русе крвнички претепан од четворица младинци!

Директорот на Регионалната дирекција во Русе на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, вишиот началник Николај Кожухаров, 40 минути по полноќ е нападнат од...

Херојска мисија во Дојран: Самир и Бранко сами го исчистија каналот Ѓавато, за езерото да не пресуши!

Самир Патрон и Бранко Караколев од Нов Дојран го исчистија отворениот канал долг околу 500 метри низ кој треба да се влева вода од...