17.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНе се изгласа предлогот на Левица за укинување на двојазичните етикети на...

Не се изгласа предлогот на Левица за укинување на двојазичните етикети на производите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Излагање на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, којшто го образложи предлогот на пратеничката група на Левица за измена на Законот за заштита на потрошувачите со цел укинување на обврската за двојазични декларации на производите:

<

Овие измени ги предлагаме затоа што овие членови предвидуваат обврска за трговците да изготвуваат двојазични амбалажи, налепници, упатства, декларации, сертификати и други соодветни документи на стоките и услугите.

И што е проблемот со овие членови од правен аспект? Ќе почнам од Уставот и Амандман 5, кој ја одредува употребата на службените јазици во Македонија. Амандман 5, за разлика од Законот за двојазичност на декларациите, не предвидува обврска за двојазичност за приватните лица или, во овој случај, за трговците. Амандманот 5 предвидува обврска само за државните органи и предвидува „употреба на друг службен јазик“, а не само на албанскиот. Исто така, и Законот за двојазичност, кој противуставно го прави албанскиот втор службен јазик на сметка на останатите службени јазици, не предвидува обврска за употреба на албански јазик за приватни лица, односно за граѓани и трговци.

На терен, на пример во Гевгелија, има производи кои имаат етикети, амбалажи, декларации, налепници, упатства, сертификати итн. на македонски јазик и албански. А, тие производи ги купуваат Македонци, Грци, Срби, Бошњаци, Унгарци, Албанци не, бидејќи Албанци нема. И со која цел на сопствениците на маркети, разни типови на продавници и трговци, им се наметнува обврска да прават декларации и на албански?!

Двојазичноста на сите овие етикети е спротивно на Уставот, спротивно на Законот за двојазичност, надвор од здрава економска логика. Од оваа обврска нема никаква корист, напротив, има штета – трговците непотребно ги чини и пари и време и ги става во неповолна положба на пазарот.

Оваа обврска за двојазичност е последица на уценетоста на претходната влада, а сегашната власт, пред избори бараше 61 пратеник за да не биде уценувана. Еве, сега, со нивниот коалиционен партнер ЗНАМ, имаат 64 пратеници, па редно е да гласате да се тргне двојазичноста од производите и да ги оправдате оние 500.000 гласа коишто ги добивте за да не бидете уценувани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...