19.2 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорот на ЈПКД „Дебрца“, Тино Секулоски: Времето поминува, спомените остануваат, благодариме за...

Директорот на ЈПКД „Дебрца“, Тино Секулоски: Времето поминува, спомените остануваат, благодариме за сите години посветена работа.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавно претпријатие комунални дејности „Дебрца“ со големо задоволство ја објавува информацијата за пензионирањето на нашиот долгогодишен вработен, Милчо Јосифоски.

<

После многу години посветено работење, Милчо ја заврши својата кариера во нашето претпријатие, оставајќи траен белег со својот труд, етика и професионализам. За сите овие години, Милчо беше пример за посветеност, одговорност и позитивна енергија.

Директорот на ЈПКД „Дебрца“, Тино Секулоски, му се заблагодари на Милчо за неговиот значаен придонес и за се што направи за развојот на претпријатието. Во знак на благодарност за неговиот труд и лојалност, Милчо доби награда за посветеното работење и успешната кариера.

Сеќавањето на неговото работење ќе остане впишано во историјата на претпријатието, а неговиот пример ќе продолжи да инспирира новите генерации на вработени.

Од срце му честитаме на Милчо Јосифоски за неговото пензионирање и му посакуваме многу здравје, среќа и успехи во идните животни предизвици.

ЈПКД – Дебрца
Директор: Тино Секулоски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...