7.9 C
Ohrid
вторник, март 4, 2025
ПочетнаМакедонијаБујар Османи: Македонците треба да бидат среќни што имаме амбиција за премиер...

Бујар Османи: Македонците треба да бидат среќни што имаме амбиција за премиер Албанец!

spot_img

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи повторно ја отвори темата премиер Албанец. „Македонците треба да бидат среќни што имаме амбиција за премиер Албанец“, рече поранешниот министер.
Тој во своето гостување вели Албанците почнаа да ја гледаат државата како своја, сакаат премиер, сакаат министер за надворешни работи, министер за финансии, сакаат да бидат дел од процесите.

<

-Не случајно беше пораката, слоганот на кампањата „Македонија повторно ваша”, „Македонија повторно горда”. Пораката беше дека Албанците ни ја земале државата, ќе ви ја вратиме повторно. Ние не сме ја земале државата од никого. Македонски интерес е Албанците да имаат амбиција да имаат премиер, што ако бараат премиер на паралелните институции? Дали ова е македонски интерес? Да се наруши унитарноста на државата? Тие треба да бидат среќни, возбудени што по толку години, Албанците почнаа да ја гледаат државата како своја, сакаат премиер, сакаат министер за надворешни работи, министер за финансии, сакаат да бидат дел од процесите. Ова ја зајакнува унитарноста, вели Османи во своето гостување на ТВ21.
Radio Lider

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тепачки и димни бомби во српскиот парламент!

Жесток хаос во моментов владее во Собранието на Србија, каде пратениците од опозицијата фрлиле димни бомби и јајца по пратениците од владејачката коалиција. Дошло...

Почина 31-годишен работник од Косово додека работел на коридорот 8.

На 03.03.2025 година во 17:15 часот во полициската станица во Гостивар од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека без знаци на живот кај нив...

Филипче: СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати

Претседателот на СДСМ – Венко Филипче доцна синоќа на својот Фејсбук-профил објави дека партијата на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници...

Ален Деребан: Само преку партнерството и размената на искуства со Унгарија, можеме да ја унапредиме правната држава

Преку партнерството и размената на искуства со Унгарија, можеме да ја унапредиме правната држава и да ја забрзаме дигитализацијата на нашите правосудни системи Во...