Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков, од Основниот суд во Охрид се осудени на по осум месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но судот смета дека мотивот „омраза“ не е докажан, изјави за БТА адвокатот на Пендиков, а пренесе Бугарското национално радио.
Пресудата е донесена нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – тепачката што се случи во вечерните часови на 19 јануари 2023 година. пред ресторан во Охрид.
<