15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПаркирањето во Клинички ќе биде 50 денари за еден час, што за...

Паркирањето во Клинички ќе биде 50 денари за еден час, што за Таравари е добра цена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секогаш ми значи мислењето на јавноста, договорот со албанкста компанија за паркингот во Клинички центар не е потпишан и може да се поништи, рече денес министерот за здравство Арбен Таравари на промовирањето на обновениот кат на Инфективна клиника. Службите го известиле дека процедурата во Министерството е помината, но следи фаза во која компанијата треба да помине филтри во Владата.
Сега има уште одредени филтри што треба да поминат низ Владата, ако поминат океј, ако не поминат пак ќе го објавиме конкурсот. Не е потпишано. Ако на јавноста не и се допаѓа, јас сум за тоа да не го потпишам. Мислам дека на Клинички центар паркингот причинува огромна нервоза. Секогаш многу ми значи што ќе слушнам од јавноста. Ако ми кажат дека не е во ред нешто, пуштено е и во Владата ако и таму ми кажат дека има одредени пропусти, немаме ништо. Ќе го поништиме, ќе го објавиме пак само ќе изгубиме една година време“ рече министерот Таравари.

<

МакедонијаПаркирањето во Клинички ќе биде 50 денари што за Таравари е добра цена, но вели дека договорот не е потпишан и ќе поништи ако јавноста е противОбјавено пред 10 минути – 7 март, 2025Од Маја Илиевска-Пачемска

Секогаш ми значи мислењето на јавноста, договорот со албанкста компанија за паркингот во Клинички центар не е потпишан и може да се поништи, рече денес министерот за здравство Арбен Таравари на промовирањето на обновениот кат на Инфективна клиника. Службите го известиле дека процедурата во Министерството е помината, но следи фаза во која компанијата треба да помине филтри во Владата.

dobivaj vesti na viber
„Сега има уште одредени филтри што треба да поминат низ Владата, ако поминат океј, ако не поминат пак ќе го објавиме конкурсот. Не е потпишано. Ако на јавноста не и се допаѓа, јас сум за тоа да не го потпишам. Мислам дека на Клинички центар паркингот причинува огромна нервоза. Секогаш многу ми значи што ќе слушнам од јавноста. Ако ми кажат дека не е во ред нешто, пуштено е и во Владата ако и таму ми кажат дека има одредени пропусти, немаме ништо. Ќе го поништиме, ќе го објавиме пак само ќе изгубиме една година време“ рече министерот Таравари.

Во документацијата била дефинирана и цената на паркирање, а Таравари уверува дека албанската компанија нема да го добие паркингот на 20 години, како што стои во физибилити студијата тука на најмногу 10 оти уште толку време министерот очекува Клинички центар да остане на таа локација. Токму кусиот период за стопанисување со паркингот Таравари смета дека бил причина што се пријавила само една фирма.

„Цените се 50 денари. Во Рамстор е 60 денари. Тука имавме паркирање на автомобили, ги оставаа тука и после излегуваа во град. 50 денари јас мислам дека е пристојна цена за оваа територија. Еве пред Нова Македонија е 40 денари за граѓани. 50 денари не е цена која е многу висока. Мислам дека цената не е лоша. Најдобро е 0 денари да биде, меѓутоа ако има таков понудувач да изгради плус 600 паркинг места, би било идеално. Имаше аукција, тоа е цената што е дадена“, вели министерот Таравари.

Изградба на катни гаражи во Клинички центар и решавање на паркирањето беше изборно ветување на секоја нова власт изминативе две децении, но место решение пациентите со секоја нова смена на власта плаќаат се поскап паркинг.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...