31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Пецаков: Упатувам честитка до сите наши сакани жени, мајки, сопруги,...

Градоначалникот Пецаков: Упатувам честитка до сите наши сакани жени, мајки, сопруги, тетки, баби по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Упатувам честитка до сите наши сакани жени, мајки, сопруги, тетки, баби по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март.
Денешниов празник е само потсетување дека жените заслужуваат почит, љубов и внимание секој ден во годината. Тие се нашите хероини, силни суштества кои можат се, кои не се откажуваат и за кои нема пречки.
Ова е ден кога се слави моќната женска енергија која го движи Светов. Бог ги обдарил жените со интуиција и женственост. Доколку се користат правилно, невозможното станува возможно, а недофатното на дофат.

<

Убавината на жената не е во нејзиното лице, туку таа е рефлектирана во нејзината душа. Жената е грижата што ја дава и страста што ја покажува. Затоа драги припаднички на понежниот пол, бидете горди што сте мудри и силни. Бидете среќни што умеете да сакате и да сте сакани. Бидете радосни што во себе имате сила да го промените светот. Вие сте создадени да бидете сакани, а не сфатени. Со вас некогаш е тешко, но без вас не се може.

Постојат две сили во светот, мечот и пенкалото но постои и трета сила посилна од претходните две, силата на жената. Бидете ни здрави и живи, среќни и насмеани, а ние ќе се трудиме да ви го овозможиме тоа затоа што без вас ништо не е возможно.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...