13.9 C
Ohrid
недела, март 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГолема полициска акција во охридско-струшкиот регион, 23 лица осомничени за трговија со...

Голема полициска акција во охридско-струшкиот регион, 23 лица осомничени за трговија со дрога и оружје

spot_img

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, со цел противправно стекнување на имотна корист, подолг временски период се занимавале со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога и оружје.

<

Во временскиот периодот од месец јануари 2023 година до месец ноември 2023 година, првоосомничениот, заедно со тројца други осомничени, како повеќе лица се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога – кокаин, хашиш и марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на наркотичната дрога. Нелегалните активности во делот на продажбата ги вршеле во три мрежи заедно со 16 од останатите осомничени лица. Првоосомничениот неовластено набавувал наркотична дрога – кокаин или марихуана од НН лица од Албанија и набавената количина ја пренесувал и сокривал на безбедна локација на подрачјето на Општина Струга, по што дел од наркотичната дрога, наменета за брза продажба ја пренесувал во два угостителски објекти во Струга, а останатата количина на наркотичната дрога спакувана во помали пакувања се продавала преку мрежите воспоставени од останатите тројца организатори.

Воспоставениот modus operandi се одвивал на ист или сличен начин. Pрвоосомничениот ги организирал и ги одобрувал продажбите, па при секоја продажба откако припадниците на групата кои имале улога на препродавачи ќе стапеле во контакт со заинтересиран купувач на наркотична дрога, го информирале организаторот на мрежата на која припаѓале и по извршената купопродажба на наркотичната дрога, паричните средства ги предавале на организаторот, а тој на првоосомничениот кој како награда им давал процент од постигнатата цена. Кога заинтересираните купувачи на наркотични дроги, биле непознати на осомничените, се барало дозвола за продажба од првоосомничениот. Во зависност од побарувачката на заинтересирани купувачи, наркотичната дрога – кокаин спакувана во помали паковки се продавала по цена од 60 евра до 100 евра за 1 (еден) грам, 50 грама марихуана со висок квалитет по цена од 100-250 евра, додека масло од хашиш нелегално произведено во домашни услови се продавало по цена од 40 евра од кубик

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ИПА Охрид, со цвеќе го честита Меѓународниот ден на жената

ИПА Охрид, со цвеке го честита Меѓународниот ден на жената По повод 8 март, Меѓународниот празник на жената, денеска, Интернационалната полициска асоцијација ИПА Охрид, на...

Трагична сообраќајна незгода во Охрид- Загина 27 годишно момче !!!

Пред половина час се случи трагична сообраќајна незгода со смртен исход кај селото Рача. Во сообраќајната незгода учествува ПМВ Мазда и мопед. Според полициски извори дознаваме...

Градоначалникот Пецаков: Упатувам честитка до сите наши сакани жени, мајки, сопруги, тетки, баби по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март

Упатувам честитка до сите наши сакани жени, мајки, сопруги, тетки, баби по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми Март. Денешниов празник е само...

Уште еден охриѓанец проголтал дрога кога ја видел полицијата !!

На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при...