12.9 C
Ohrid
понеделник, март 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДвојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

Двојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“

spot_img

Двојкаш меѓу кандидатите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“. ТВ Клан го објави свидетелството од втора година средно на професорот Блерим Саити, кој претендира да застане на чело на Универзитетот.

<

Просекот му го крева само една четврорка по ликовно, сите останати оценки му биле двојки. Блерим Саити е редовен професор на Факултетот за социјални науки на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а негов противкандидат е Беким Фетаји, редовен професор на Факултетот за информатички науки при истиот Универзитет.

По двојките во средно, Саити дипломирал и магистрирал на Институтот за физичка култура на Универзитетот во Тирана, а докторирал на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот опонент Фетаји пак е информатички инженер. Средното образование го завршил во Гостивар, како ученик на генерацијата.

Дипломирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерски студии завршил на Универзитетот „Брукс“ во Оксфорд, додека во Грац, Австрија станал доктор по технолошки науки. Изборот за нов ректор е в среда, а гласањето е тајно.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани,...

Обвинетиот за убиството кај Мавровка: Не сакав да го убијам човекот, бев дрогиран.

На денешното судење за убиството кај Мавровка, Елвин Куртовиќ кој е обвинет за убиството на скопскиот бизнисмен, 59-годишниот Васил Ефтимов призна вина. Обвинетиот Елвин Куртовиќ...

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола – затворен е за сообраќај

Патот Прилеп-Битола е затворен поради сообраќајна незгода. Според првичните информации, во несреќата учествувал камион. Засега нема детали за причините и податоци за повредени лица или...

Костадинов вели дека ќе оди на уште еден мандат за градоначалник на Струмица

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во „Дејли Клик“ на ТВ21 потврди дека ќе оди на уште еден мандат на следните локални избори за градоначалник. „Да...